Владимир Георгиевски

Владимир Георгиевски (Скопје, 1 јуни 1942 - Скопје, 25 мај 2017) — македонски сликар.

Владимир Георгиевски
Роден(а)1 јуни 1942
Скопје, Царство Бугарија
Починал(а)25 мај 2017
Скопје, Македонија Македонија
НационалностМакедонец
Занимањеликовен уметник

Животопис

уреди

Георгиевски е роден е на 1 јуни 1942 во Скопје, од татко Ефтим и мајка Фотка. По завршувањето на средното уметничко училиште во Скопје се запишал на Академијата за ликовни уметности во Белград. Диполимирал во 1968 година. Постдипломските студии ги завршил на истата Академија во класата на професор Младен Србиновиќ.

Работел и како професор на Архитектонскиот факултет и Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Починал на 25 мај 2017 во Скопје.

Творештво

уреди

Во целокупното творештво на Владимир Георгиевски, човекот и неговата судбина се постојана тема, естетска провокација и креативна преокупација. Георгиевски има поминато низ неклку фази на уметничко изразување, но секогаш успешно сочувувајќи ја нагласената оригиналност. Во неговите слики, цртежи, релјефи, скулптури, театарски костимографии и сценографии се редат глумци од сите слоеви на цивилизацијата: шпанскиот благородник Дон Кихот, Достоевски, Бах, Бетовен. Адам и Ева се исто така живи во опусот на Георгиевски, како и светото тројоство, драмата на распнувањето и оплакувањето. Мотивите на старите чевли, лебот, камењата, сувите лисја потсетуваат на трагите на човековото постоење.

Владимир Георгиевски исто така создал сценографски и костимографски решенија за преку 30 театарски претстави во Македонија и во земјите на поранешна Југославија.

Реализирал студиски патувања во Италија, Франција, Русија, Велика Британија, САД, Белгија и Холандија.

Самостојни излагања имал во Скопје, Белград, Истанбул, Виена, Рим, Киев, Софија и Санкт Петербург.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди