Ѓорѓи Јолевски

македонски глумец

Ѓорѓи Јолевски (роден на 10 март 1964 година во Битола) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.

Ѓорѓи Јолевски
Роден 10 март 1964
Битола, СФРЈ
Националност Македонец
Занимање глумец

Животопис уреди

Дипломирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за глумечка игра во класата на проф. Љубиша Георгиевски, во 1989 година. Од 1992 година работи како глумец во Драмски театар - Скопје, а во 1999 година преминува во Македонски народен театар - Скопје.

Филмографија уреди

Година Филм Улога
1985 Бушава азбука ТВ-серија Кловн
1987 Претежно ведро ТВ-серија Симе
1987 Трст виа Скопје ТВ-серија Џани
1987 Ѕвездите од 42-та ТВ-филм Браник
1988 Викенд на мртовци ТВ-серија Цанде
1990 Викенд на мртовци ТВ-филм Цанде
1991 Тетовирање ТВ-филм Грк
1991 Македонија може ТВ-серија
1995 Ангели на отпад ТВ-филм Џос
1997 Калигула ТВ-филм Калигула
2005 Петнаесет секунди ТВ-филм
2006 Тајната книга ТВ-филм Непознатиот
2007 Превртено ТВ-филм Директор на циркусот
2011 Ова не е Американски филм ТВ-филм Голема сенка
2013 Тврдокорни ТВ-серија
2015 Последниот Македонец ТВ-филм Ѓорче Петров
2016 Дете ТВ-филм Доктор
2017 Човекот кој не беше таму ТВ-филм
2017 Фамилија Марковски ТВ-серија Доктор
2022 Кајмак ТВ-филм др. Ангелковски
2023 Да немаше небо ТВ-филм
2024 Сопатници ТВ-филм
2024 Избор ТВ-филм