Синоличка Трпкова
Синоличка Мелес - Трпкова (Скопје, 22 јули 1965) — позната македонска глумица и професорка на ФДУ во Скопје.[1]
Синоличка Мелес - Трпкова | ||
Родена | Синоличка Трпкова 22 јули 1965 Скопје, СР Македонија, СФРЈ | |
---|---|---|
Националност | Македонка | |
Народност | Македонка | |
Позната | по улогата во: Среќна Нова ‘49 Џипси меџик Збогум на 20-тиот век | |
Занимање | глумица универзитетски професор |
Животопис
уредиТрпкова е родена на 22 јули 1965 година во Скопје. По завршувањето на Академија за драмски уметности во Скопје, била ангажирана во ансамблот на Драмата на Македонскиот народен театар од 1989 до 1991 година. Учествувала во независни театарски проекти. Работи како професор по предметот Филмска, телевизиска и радио игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје.
Филмографија
уреди- 1986: Среќна Нова ‘49 (главна улога)
- 1993: Светлосиво / Прекрасен свет (главна улога)
- 1993: Светлосиво / Птицата Урубу и девица (главна улога)
- 1997: Џипси меџик (главна улога)
- 1998: Збогум на 20-тиот век (споредна улога)
- 2000: Глас (глумец)
- Останати филмови
- 1988 Дом за бесење (DOM ZA VEŠANJE), глумец, игран, РО ФОРУМ Сараево, Columbia Pictures САД, ТВ Сараево
- 1989 Смртта на ученикот (THE DEATH OF THE SCHOOL BOY), глумец, игран, NEYE Studio Film GMBH, Виена, Австрија
- 1994 Кармин (LIPSTICK), глумец, игран, STERNSTRUNDEN Film Production, Виена, Австрија
Наводи
уреди- ↑ Directory of World Cinema: East Europe (IB - Directory of World Cinema) (2012). Адам Бигам (уред.). (англиски). Intellect Ltd. ISBN 1841504645. Отсутно или празно
|title=
(help)