Петар Мирчевски

Петар Мирчевски (роден на 11 ноември 1956 во Крушево) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.

Петар Мирчевски
Роден 11 ноември 1956
Крушево
Националност Македонец
Познат по улогата во:
Пред дождот
Контакт
Сенки
Занимање глумец

ЖивотописУреди

Мирчевски е роден во 1956 година во Крушево. Кај блиските е познат и по прекарот Пепи Пивцето кој го добил во средношколските денови, за време на учеството во една работна акција. Неговите двајца сина Филип и Мартин продолжиле по стапките на таткото, работејќи како глумци во Народниот театар во Битола.[1] Дипломирал на ФДУ во Скопје, отсек глумечка игра. По дипломирањето во 1979 година станал член на битолскиот театар. Тој е еден од најангажираните и најекспонирани глумци, не само во историјата на битолскиот театар, туку и пошироко во Македонија. Покрај настапите во својата матична куќа, Мирчевски бил чест гостин и на сцената во Прилеп.

Театарска кариераУреди

Во својата кариера, Мирчевски играл во околу 150 претстави.[1] За своите улоги, тој е добитник на повеќе награди, како: „4 ноември“, „Млад борец“, „Војдан Чернодрински“ (трипати), Екрановата награда, „Златна маска“ на Охридско лето и наградата за животно дело „Петре Прличко[2]. Во 2011 година ја добил наградата на театарскиот фестивал „Денови на Нушиќ“ кој се одржал во Смедерево, Србија.[3]

Во 2019 година, Мирчевски ја добил наградата „11 Октомври“ за животно дело.[4][5]

ФилмографијаУреди

Покрај настапите во театарот, Мирчевски остварил и плодна телевизиска и филмска кариера:

Петар Мирчевски настапил и во турската ТВ-серија „Збогум, Румелија“, која се снимала на неколку локации во Македонија (Битола, Охрид и селото Маково во Мариово) во периодот од 2007 до 2009 година. Во серијата го толкувал ликот на бугарскиот трговец со тутун Петрус ефенди, а во серијата се појавува во околу триесетина епизоди.[1]

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 1,2 Жанета Здравковска, „Учев турски само за улогата во Збогум, Румелија“, Антена, број 868, 13 февруари 2015, стр. 8-9.
  2. „Петар Мирчевски ја доби наградата „Петре Прличко". Утрински весник. 26 декември 2008. Посетено на 2011-04-14.
  3. „Петар Мирчевски награден на театарскиот фестивал во Србија“. Курир. 14 април 2011 16:27. Архивирано од изворникот на 2011-04-15. Посетено на 2011-04-14. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  4. „11 Октомври“ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ЗА ПЕПИ МИРЧЕВСКИ, ДИМИТРИ ДУРАЦОСКИ И ЉУПЧО КОЦАРЕВ на семрежното место на САКАМ ДА КАЖАМ
  5. „Награда за животно дело за глумецот Мирчевски“, Слободен печат, година VII, број 1783, стр. 17.
  6. „Black Sun“. IMDb. Посетено на 10 септември 2021.

Надворешни врскиУреди