Деан Дамјановски (роден на 17 јуни 1978 година во Битола, Република Македонија) е македонски режисер.

Деан Дамјановски
Роден 17 јуни 1978
Битола
Националност Македонец
Познат режисер
Занимање режисер во Театарот „Ј.Х.К.- Џинот“ во Велес

Биографија уреди

Дипломира театарска режија во Софија, Република Бугарија. Вработен е како режисер во Театарот „Ј.Х.К.- Џинот“ во Велес.

Докторирал на ФДУ во Скопје на компаративна тема за односот помеѓу театарот и телевизиските серијали.

Што се однесува до педагошкото искуство, работи како помлад асистент на факултетот во Софија, предава на Филмската академија во Штип, и е хонорарен наставник по драма односно по Театар и Филм во средното училиште НОВА.

Зад себе има 20 години театарско искуство и околу 40 претстави и други театарски проекти во земјава и надвор од неа.