Филип Трајковиќ
Филип Трајковиќ (роден на 1 јуни 1982 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Димпломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ со улога во претставата „Ништо без Трифолио“ во 2006 година. Во 2009 се вработил во Драмски театар - Скопје.
Филип Трајковиќ | ||
![]() | ||
Роден | 1 јуни 1982 Скопје | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Познат | по улогата во: Караула Тврдокорни | |
Занимање | глумец |
Театарски претставиУреди
- „Хамлет“, р. Дејан Пројковски, ДТС, 2010
- „Ангели во Америка“, р. Џаред Стајн, ДТС, 2009
- „Коза или која е Силвија“, р. Дино Мустафиќ, ДТС 2009
- „Сите лица на Петре М.Андреевски“, р. Владо Цветановски, ДТС, 2008
- „Јонада“″, р. Филип Лемуан, ДТС, 2008
- „Како се станува цар“, р. Зоја Бузалковска, ДТС, 2007
- „Крал Иби“, р. Бојан Трифуновски, МНТ, 2007
- „Касапски кучиња“, р. Бојан Трифунофски, ДТС, 2007
- „Кабаре“, р. Наташа Поплавска, Приватен проект, 2006
- „Поручникот од Инишмор“, р. Зоја Бузалковска, ДТС, 2005
- „Сцени од животот“, р. Филип Лемуан, МНТ, 2004
Други ангажманиУреди
- 2003, Рекламен спот за „Т-мобиле“
- Учество во спотови во кампања на „СВРСА“
- 2005, „Караула″ – филм во режија на Рајко Грлиќ
- 2006- 2009, Синхронизација на цртани серии за А1 телевизија и Канал 5 телевизија
- 2006, Синхронизација на цртани серии за Канал 5 телевизија