Самоил Дуковски
Самоил Дуковски (Галичник, Гостиварско, 1929 - Скопје, 26 мај 2011) — македонски филмски и театарски глумец.
Самоил Дуковски | ||
![]() | ||
Роден | 1929 Галичник, Гостиварско, ![]() | |
---|---|---|
Починал | 26 мај 2011 Скопје, ![]() | |
Националност | Македонец | |
Занимање | глумец |
ЖивотописУреди
Дуковски е роден во 1929 година во Галичник. Средна државна театарска школа завршил во 1950 година, а со професионална актерска дејност поичнал да се занимава од 1955 година. Првите неколку години од неговата кариера ги поминал на сцената на Македонскиот народен театар, а позначајни улоги остварил во делата на Молиер, Иљоски и на Ретиген.
Во Драмскиот театар настапувал од 1959 година. Дуковски интензивно играл на сите три сцени и во неговата актерска кариера одиграл над 85 улоги. Посебно се истакнал во насловните ролји на пиесите "Балада за поручникот и Марјутка" од Крефт, "Грдко" од Ѓокиќ, "Александра" од Арсовски, "Среќен пат" од Розов, "Дундо Марое" од Држиќ, "Јане Задрогаз" од Стефановски, "Кралот на елените" од Гоци и "Дон Жуан" од Молиер.
Дуковски се занимавал и со пишување драмски текстови, а некои од нив биле изведени на театарските сцени. Добитник е на повеќе признанија, меѓу кои Медал за заслуги за народ во 1947 година, Плакета на градот Скопје во 1969 година.[1] Починал на 82 годишна возраст на 26 мај 2010 година во Скопје, каде што и почива.
ФилмографијаУреди
Филмографија на глумецот Самоил Дуковски | |||
---|---|---|---|
Год. | Назив | Улога | |
1960.-те | |||
1967 | Каде по дождот | / | |
1967 | Мементо | / | |
1970.-те | |||
1972 | Истрел ТВ-филм | Дуко | |
1973 | Залез над езерската земја | / | |
1976 | Сослушувањето на железничарот | ||
1977 | Сакате ли уште едно парче торта | ||
1979 | Наши години ТВ-серија | Тошо | |
1980.-те | |||
1981 | Црвениот коњ | / | |
1985 | Тетовирани души | ||
1989 | Цвеќе на карпата ТВ-филм | Пациент | |
1990.-те | |||
1991 | Тетовирање | / | |
1995 | Ангели на отпад | Пензионерот | |
1998 | Збогум на 20-тиот век | ||
1999 | Каца | Комшија 1 | |
2000.-те | |||
2000 | Големи и мали | Минувачот | |
2006 | Мост | Анастасије |
НаводиУреди
- ↑ „Почина глумецот Самоил Дуковски“. Нова Македонија. 27 мај 2011. Посетено на 2011-12-04.
Надворешни врскиУреди
- Самоил Дуковски[мртва врска] на МИФЦ
- Самоил Дуковски на Семрежната филмска база на податоци (англиски)