Вера Вучкова
Вера Вучкова-Жежељ (Битола, Македонија, 24 август 1925 - Скопје, 31 август 2014) — видна македонска глумица, една од членките на првичниот ансамбл на МНТ која на 3 април 1945 ја одиграла својата прва претстава „Платон Кречет“. Во таа историска претстава, Вучкова ја изговорила митската реплика „Сонцето! Колку е блиску Сонцето!“[1]
Вера Вучкова - Жежељ | ||
Роден | 24 август 1925 Битола, ![]() | |
---|---|---|
Починал | 31 август 2014 Скопје, ![]() | |
Националност | Македонка | |
Познат | по улогата во: Чорбаџи Теодос Време на летала Јагне на ражен | |
Занимање | глумица |
ЖивотописУреди
Вучкова е родена на 24 август 1925 во Кнежа, Бугарија. Таа својата глумечка дарба ја покажала уште на училишните години. По матурирањето во Битолската гимназија во 1944 година, и се приклучила на легендарната партизанска театарска група на АГИТПРОП, со која, во ноември 1944, стасала во штотуку ослободеното Скопје. Како и Петре Прличко, Илија Милчин, Тодор Николовски, Василие Поповиќ - Цицо, Димитар Ќостаров, Тома Владимирски, Крум Стојанов, таа влегла во Македонскиот народен театар, станувајќи една од неговите први глумици.
Со Милчин и Стојанов, Вучкова исполнила на уште една историска театарска мисија: во јуни 1947, учествувала во основањето на Областен македонски народен театар во Горна Џумаја (Благоевград), Бугарија. Играла носечки ролји во сите пет претстави што овој театар ги изиграл во својата единствена сезона 1947-1948 година.
Кариерата ја продолжила во Бугарија, каде како првенка на театрите во Благоевград, Димитровград и Бургас, играла полни 16 години. Во 1964 година се вратила во Македонија, во ансамблот на МНТ, со кој настапувала и по пензионирањето во 1982 година. Својата последна МНТ-овска премиера ја одиграла на 3 април 1987, како Цонка во обновената постановка на „Чорбаџи Теодос“.
Во 2005 година, Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ и доделил награда за животно дело.[2] На 31 август 2014 година починала во Скопје.[3]
ФилмографијаУреди
Вучкова ги остварила филмските улоги:[4]ТВ филмови
- Македонска крвава свадба (1967)
- Истрел (1972)
- Најдолгиот пат (1976)
- Време на летала (1982)
- Јагне на ражен (1982)
- Јавачи на ветрот (1982)
- Премиера (1983)
- Состојба пред инфаркт (1986)
- Чорбаџи Теодос (1987)
- Време, живот (1992)
Телевизиски серии
- Наши години (1979)
- Едно лето (1982)
- Случки од животот (1984)
- На наш начин (1985)
- Македонски народни приказни (1988)
- Во светот на бајките (1995)
- Погрешно време (2000)
- Светот има осум страни (2001)
- Народни приказни (2009)
НаводиУреди
- ↑ „СОЗДАВАЊЕ НА НУ МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР“. Архивирано од изворникот на 2016-04-03. Посетено на 2014-08-31.
- ↑ Добитници на наградата за животно дело Војдан Чернодрински
- ↑ „Ин мемориам Вера Вучкова – Жежељ “. Архивирано од изворникот на 2014-09-04. Посетено на 2014-08-31.
- ↑ „Vera Vuckova“. IMDb. Посетено на 5 февруари 2023.
Надворешни врскиУреди
- Вера Вучкова на Семрежната филмска база на податоци (англиски)