Македонска крвава свадба

Македонска крвава свадба — најкомплетниот драмски текст на Војдан Чернодрински, како во поглед на содржината, така и во однос на уметничкиот дострел, околу чие создавање и изведување изникнале цели перипетии.[1] Во текот на размислувањата околу фабулата и ликовите, Чернодрински го најавил својот нов драмски проект, а заинтересираните - веќе заинтригирани од познатите авторот - веднаш побарале да го прочитаат - ненапишаниот текст и да се отпочне со распределбата на улогите! За да не се посрамоти, Чернодрински во еден навистина рекорден рок го напишал текстот. Малку подоцна, преку пробите, јавноста индиректно била запознаена со самата содржина на делото. Така дошло до интервенција кај официјалните бугарски власти од страна на еден туѓински дипломат кој побарал да се прекратат пробите на оваа драма. Реакционерната власт издала заповед за да се престане со работата над сценската реализација на делото. А кога главните протагонисти се оглушиле од таа заповед и ја закажале премиерата, пред зградата на "Славјанската беседа" во Софија, на самиот ден на премиерата, стигнала група вооружени коњички стражари со цел да ја разбркаат публиката. Пред нив, меѓутоа, застанале повеќемина четници и со парабелуми во рацете - го обезбедиле текот на премиерната изведба!

Македонска крвава свадба
корица на книгата
АвторВојдан Чернодрински
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски
Жанрдрама
Издадена
1896 г.
МедиумПечатена
Страници70
Корица на оригиналната верзија на драмата „Македонска крвава свадба“ на македонски јазик
За филмот, видете Македонска крвава свадба (филм)

Премиерата се одржала на 7 ноември 1900 година.

Како што тоа се случило со Стендал, Достоевски, Флобер, а во нашиов век и со Иво Андриќ, така и Војдан Чернодрински за делото Македонска крвава свадба се инспирирал од еден краток новинарски извештај од животот во Македонија. Во весникот "Реформа" ја прочитал Чернодрински дописката за која подоцна, во своите Спомени ќе ја забележи: „Таа дописка ми го даде сижето, таа беше канавацата на која во тек на 20-30 дни најпрвен во мислите ги бродирав сликите кои и денеска се редат пред вашиот снисходителен поглед".

Драмско дејство

уреди

Драмата Македонска крвава свадба е напишана на македонски јазик. Нејзиното дејствие е предадено преку петте чина од кои првиот го открива тешкиот клучки аргатски живот на македонскиот роб, но во исто време и идилата помеѓу овчарот Спасе и младата жетварка Цвета. На нивата пристига Осман-бег, господарот на чифлигот со своите вооружени слуги. Тие насила ја грабнуваат Цвета за харемот на Осман-бег.

Во средиштето на вториот чин е сцената со Турчинот што бара коњак во куќата на Кузмана, дедото на Цвета. користејќи ја својата положба на господар, Турчинот ги малтретира старците, барајќи од нив и вечера, а во исто време да го служи младата снаа на дедо Кузман. Дејствието на третиот чин се одвива во една од одаите на Осман-беговиот сарај. Цвета се стресува од првиот шок, размислувајќи за тоа што и се случило. Влегува Осман-бег, кој и ветува се и сешто ако се потурчи без отпор. Цвета гневно го плеснува по образот, немоќно бранејќи ја својата чест. Потурчените Македонки Крста и Петкана, ќе треба да ја одоброволат младата Цвета, да го скршат со добро нејзиниот отпор, иако и самите воопшто не се уверени во исправноста на своите улоги пред девојката. По нивниот неуспех таа ролја му се доверува на Селим-оџа, кој ќе треба со билје да ја успие свеста на заробеничката.

Во меѓувреме, блиските на Цвета побарале интервенција од битолските конзули. На нивно барање пристигнува повелбата на Вели-паша за претрес во домот на Осман-бег. Но за тоа време девојката ја кријат. Во четвртиот чин се одвива комедијантското иследување на случајот со Цвета. под наркоза, во присуство на нејзините блиски, но и на странските дипломатски претставници, девојката исустува дека доброволно сака да се потурчи, "од љубов" спрема Осман-бег. Во последен момент, сепак, таа се освестува и ја кажува вистината. Османлиите се повлекуваат, а Цвета заминува со своите дома. Меѓутоа, Осман-бег не сака да го признае поразот. Во петтиот чин, на денот на свадбата на Цвета и Спасе, тој прави препад со своите луѓе и обид повторно да ја грабне младата девојка. Цвета, во самоодбрана, успева да го убие силникот, но и самата паѓа мртва од турски истрел.[2]

Битови елементи

уреди

Целата оваа фабула во основата е предадена со еден романтичарски патос, но и многу сцени обилуваат со реалистички слики од животот и борбата на македонските луѓе. Тоа најмногу се огледа, речиси, во целата сцена на нивата, во сцената со Турчинот - натрапник во домот на Кузмановци и, во крајна линија, во сцените на физичкиот отпор. Како и во секоја битова пиеска, и во оваа драма се користат фолкорно-етнографски материјали, со што, можеби, се губи во динамичноста на дејството, но секако се добива општа импресија.

Чернодрински бил свесен за воздејството на овој текст врз публиката, но интимно и самиот не очекувал таков успех каков што всупност драмата постигнала во оној период, па и многу подоцна. Говорејќи мошне скромно за своите литературни амбиции во врска со ова дело, потцртувајќи ја посебно онаа, денеска многу позната мисла „Што напишав јас“ и одговарајќи на тоа прашање дека „Ништо не напишав. Јас го препишав од сè уште ненапишаната крвава историја на Македонија она, кое читателот ќе го прочита, а гледачот ќе го види во театарот" - Војдан Чернодрински се обиде да го предизвика вниманието на сите оние што го чувствуваа проблемот на Македонија како своја болка. И успеа во тоа. Навистина, тој не ги прикажа во оваа своја драма Македонците во една мобилна состојба. Не ги воведе во сцената свесно организираните елементи кои го подготвуваа народот за востание во блиска иднина. Тој ги одбра за јунаци луѓето од најниската скала на општествената хиерархија од едно, за Македонците, многу специфично време. Ги прикажа нивните страдања, но и нивната готовност да ја бранат честа македонска.[3]

Наводи

уреди
  1. [1] Вовед во драмското сиже
  2. [2] Анализа на делото
  3. [3][мртва врска] За животот и делото на В. Чернодрински

Надоврешни врски

уреди

Поврзано

уреди