Маја Вељковиќ-Пановска
Маја Вељковиќ Пановска (родена на 21 февруари 1971 во Скопје) — македонска театарскa, филмскa и телевизискa глумица. Дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, во класата на професорот Владимир Милчин. Во 1999 година, таа се вработила во Драмски театар - Скопје. Од тогаш, таа остварила главни и споредни улоги во бројни претстави не само во матичниот театар, туку и во другите театарски установи во државата. Во период од 2023 до 2024 година, Пановска е директор на Драмски театар - Скопје.
Маја Вељковиќ-Пановска | ||
Родена | 21 февруари 1971 Скопје, СР Македонија, СФРЈ | |
---|---|---|
Националност | Македонка | |
Народност | Македонка | |
Позната | по улогата во: Бардо Големата вода Последниот фалцер | |
Занимање | глумица |
Театарски улоги
уреди- Мими - Грев или шприцер, од Сашко Насев, р. Деан Дамјановски, ДТС 2011
- Мартирио - Домот на Бренарда Алба од Е.Г. Лорка, режија Г. Стојановиќ, ДТС
- Ирина - Три сестри од А.П.Чехов, режија Д.Станковски, ДТС
- Ангелот - Марисол од Х. Ривера, режија В. Милчин, ДТС
- Радмила Петровска - Нема да верувате од Н. Вујадиновиќ, режија К.Ристевски, ДТС
- Пчелка - Како се станува цар од А. Кирјаковска, режија З. Бузалкова
- М - Копнеж од С. Кејн, режија А. Ивановски, ФДУ
- Тијана - Слипперѕ Пеопле од В. Т. Рангелова, режија С. Џепаровски, Продукција „О“
- Жена - Процес Компилација, Н.Т. Бојдан Чернодрински, Прилеп
- Маре - Тетовирани души од Г. Стефановски, режија, С. Миленковски, ДТС
- Норвешка Баронеса - Есперанца од Ж. Мирчевска, режија А. Чамински, ДТС
- Марија - Војцек од Бихнер, режија Б. Драшковиќ, ДТС
- Проција - Собрани дела Шекспир од Т.Стопард, режија З. Славенски, ДТС
- Ала Кострова - Кокошка од Кољада, режија В. Талески, НТ Антон Панов, Струмица
- Елена - Сон на летната ноќ од В. Шекспир, режија Д. Станковски, ДТС
- Неда - Црнила од К.Чашуле, режија В. Џолева, Независна продукција
- Јована Орлеанска - Јована Орлеанска од Љ. Георгиевски и Б. Димитров, режија: Љ. Георгиевски, ДТС
- Антонина Сорина - Земјомер од Кољада, режија В. Милчин, ДТС
- Соња - Техноѕвезда од Т. Османли, режија В. Џолева, Скопско лето
- Илсе - Будење на пролетта од Ведекинд, режија З. Славенски, МНТ
- Исмена - Antigona in Technoland од Софокле, режија Г. Стоев, МНТ
- Жената - Духот на лименката од Г. Гарванлиева, улогата на, Режија. Г. Тренчевски, НТ Антон Панов, Струмица
- Слугинката - Жаби од Аристофан, режија Б. Ставрев, МНТ
- Слатката малечка - Љубовната вртелешка од А. Шницлер, режија Љ. Ѓорѓиевски, НТ Ј. Х. Џинот, Велес
- Мица - Народен пратеник од Б. Нушиќ, режија Д. Османли, Прод. МНТ
- Оља - Светулки во ноќта од Т. Османли, режија В. Џолева, Скопско лето
- Ивон и Помпонет - Кројач за дами, Ж. Фејдо, режија Д. Османли, МНТ
- Марија - Лаж и паралаж од Ј. С. Поповиќ, режија Е. Савин, МНТ
- Старица - Лепа Ангелина од Б. Ристески-Платнар, режија В. Милчин, МНТ
- Цвета - МКС, од В. Чернодрински, режија С. Миленковски, МНТ
- Лулу - Роденден од Х. Пинтер, режија В. Христов, МНТ
- Лени - Луна Прима (работена по мотиви на Хамлет од Буњуел), режија Г. Тренчевски
- Софија Ивановна - Мртви души од Гогољ, режија В. Милчин, МНТ
- Питија - Орестија, Евмениди од Ајсхил, режија Г. Тренчевски, МКЦ
- Г-ѓа Смит - Келавата пејачка од Е. Јонеско, режија М. Јаневски, МКЦ
- Кристина - Госпоѓица Јулија од А. Стримберг, Дипломска претстава
- Касандра, Синот - Жена од Е. Бонд, Дипломска претстава
Филмографија
уредиВељковиќ-Пановска ги остварила филмските улоги:[1]
Година | Филм | Улога |
1994-1995 | Бумбари ТВ-серија | |
1995 | Во светот на бајките ТВ-серија | |
1998 | Денес, утре ТВ-филм | Санела |
2002 | Наше маало ТВ-серија | Продавачка на карти |
2003 | Последниот фалцер ТВ-филм | Венда |
2004 | Големата вода ТВ-филм | |
2007 | Елегија за тебе ТВ-филм | Рахилка |
2010-2011 | Од денес за утре ТВ-серија | Жена 2 |
2012 | Бардо ТВ-филм | Мајката |
2013 | Старо купуем ТВ-филм | Цеца |
2014 | Македонски народни приказни ТВ-серија | Царицата |
2015 | Незрели цреши ТВ-филм | |
2017-2019 | Фамилија Марковски ТВ-серија | Вера |
Награди
уреди- 1999: Награда за најдобар млад глумец, доделена за време на Фестивалот Војдан Чернодрински за улогата на Жената во претставата „Духот на лименката“, Народен театар „Антон Панов“, Струмица
- 2002: Награда за епизодна улога, доделена за време на Фестивалот „Војдан Чернодрински“ за улогата на Маре, во претставата „Тетовирани души“, Драмски театар - Скопје
Наводи
уреди- ↑ „Maja Veljkovic“. IMDb. Посетено на 5 февруари 2023.
Надворешни врски
уреди- Маја Вељковиќ-Пановска на Семрежната филмска база на податоци (англиски)