16 мај
датум
<< | мај | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | |||
5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | |
2024 |
16 мај — 136-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (137-и во престапна година). Остануваат 229 денови до крајот на годината.
Настани:
1795 | Филип Пинел, француски природонаучник и лекар за душевни болести, во париската болница „Салпетриер“, отвори прво одделение за душевни болести. |
1943 | Германските нацисти го задушија востанието, кое на 19 април 1943 година почна во Варшавското гето, едно од најголемите што за Евреите го изгради хитлеровата власт по окупацијата на Полска. Од 70.000 жители во гетото загинаа 13.000. Се спасија само околу 80-тина жители. |
1974 | Собранието на СФРЈ го прогласи Јосип Броз Тито за доживотен претседател на државата. |
2007 | Николас Саркози ја презеде претседателската функција во Франција. |
Родени:
1611 | Инокентиј XI — римски папа. |
1817 | Николај Костомаров — руски историчар. |
1821 | Пафнутиј Чебишов — руски математичар. |
1883 | Џелал Бајар — претседател на Турција. |
1890 | Марио де Са-Карнеиро — португалски писател. |
1898 | Десанка Максимовиќ — српска поетеса († 1993) |
1898 | Растко Петровиќ — српски поет, патописец и дипломат. |
1905 | Хенри Фонда — американски филмски глумец. |
1923 | Мертон Милер — американски економист, добитник на Нобеловата награда во 1990 година. |
1924 | Дауд Џавара — гамбиски државник. |
1925 | Нилтон Сантос — бразилски фудбалер. |
1927 | Павлина Апостолова — македонска оперска пејачка. |
1928 | Петар Костов — македонски писател. |
1931 | Вујадин Бошков — српски и југословенски фудбалски тренер. |
1946 | Роберт Фрип — англиски гитарист. |
1953 | Пирс Броснан — ирски глумец. |
1954 | Зоран Анчевски — македонски поет, есеист и преведувач. |
1955 | Перица Мартиновиќ — хрватска глумица. |
1955 | Клаудио Гарела — италијански фудбалски голман. |
1960 | Петар Георгиевски — македонски фудбалер. |
1964 | Решат Ахмети — македонски академски сликар. |
1965 | Крис Новоселич — американски рок-музичар, член на групата Нирвана. |
1966 | Џенет Џексон — американска пејачка. |
1970 | Габриела Сабатини — аргентинска тенисерка. |
1973 | Тори Спелинг — американска глумица. |
1974 | Лаура Паузини — италијанска поп-пејачка. |
1980 | Сајмон Геранс — австралиски велосипедист. |
1986 | Меган Фокс — американска глумица и фото-модел. |
1989 | Фелипе — бразилски фудбалер. |
1991 | Георги Димитров — бугарски тенисер. |
2002 | Рајан Графенберх — холандски фудбалер. |
Починале:
1830 | Жозеф Фурје — француски математичар и физичар. |
1926 | Мехмед VI — последниот отомански султан. |
1943 | Илија Антевски - Смок — припадник на напредното студентско и комунистичко движење на Македонија. |
1953 | Џанго Рајнхард — француски гитарист. |
1985 | Жан Дифибе — француски вајар и архитект. |
1917 | Владислав Петковиќ - Дис — српски поет. |