Сузан Акбелге

македонска театарска, филмска и телевизиска глумица

Сузан Акбелге (р. 15 јуни 1974 во Скопје) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица. Работи во Турскиот театар во Скопје.

Сузан Акбелге
Роден 15 јуни 1974(1974-06-15)(50 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонка
Народност Турчинка
Познат по улогата во:
Збогум Румелија
Балканска приказна
Горчлива цреша
Занимање глумица

Филмографија

уреди

Акбелге ги остварила филмските улоги:[1]

Година Филм Улога
1997 Во светот на бајките ТВ-серија
2004 Големата вода ТВ-филм Жена 1
2007-2009 Збогум Румелија ТВ-серија Меријем
2012 Минатото лето на Балканот ТВ-серија
2013 Балканот не е мртов ТВ-филм Петкана
2020 Горчлива цреша ТВ-филм Медицинска сестра
2022-2023 Балканска приказна ТВ-серија Елена

Награди

уреди
  • Награда за млада актерка за улогата на ликот Аглеја во „Идиот“, доделена за време на Македонскиот театарски фестивал (МТФ) „Војдан Чернодрински“, Прилеп (1998)
  • Награда за високо актерско остварување „Ристо Шишков“ за улогата на ликот Госпоѓица Јулија во „Госпоѓица Јулија“, , доделена за време на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп (2010)

Наводи

уреди
  1. „Suzana Akbelge“. IMDb. Посетено на 5 февруари 2023.