Лилјана Велјанова
Лилјана Велјанова (Скопје, 22 јуни 1950) — македонска глумица.[1]
Лилјана Велјанова | |
---|---|
Роден(а) | 22 јуни 1950 Скопје, НР Македонија, ФНРЈ |
Националност | Македонка |
Занимање | глумица |
Активен период | 1973 - денес |
Животопис
уредиДипломирала на Вишата музичка школа во Скопје, отсек за драмски глумци (1975). Од 1973 г. е член на Драмскиот театар во Скопје. Се одликува со глумечки сензибилитет и со строго поединечен пристап. Улоги: Сара („Диво месо”); Мајката („Хај-фај”); Сара („Сара Бернар”); Катерина („Р”); („Еригон”); Змија („Словенски ковчег”); Малвина („Европа”); Ирма („Балконот”); Џин Хортон („Квартат“); Елзе („Фестен“). Таа покрај нејзиниот матичен театар Драмски театар, гостувала и во други театри во Македонија, и во Македонски народен театар во Скопје.
Филмографија
уредиГодина | Филм | Улога |
---|---|---|
1977 | Итар Пејо ТВ-серија | |
1979 | Наши години ТВ-серија | Деса |
1981 | Лет во место ТВ-филм | Елена |
1981 | Првите цутови ТВ-филм | |
1982 | Јагне на ражен ТВ-филм | Билјана |
1983 | Записник ТВ-филм | |
1984 | Диво месо ТВ-филм | Сара |
1985 | На наш начин ТВ-серија | |
1986 | Солунски патрдии ТВ-серија | |
1988 | Скопски сновиденија ТВ-филм | |
1988 | Викенд на мртовци ТВ-филм | |
1991 | Болва в' уво ТВ-филм | |
1997 | Истрели во сонот на Марија ТВ-филм | |
1998 | Збогум на 20-тиот век ТВ-филм | Сопругата |
2005 | Ти си жива ТБ-филм | Мајката |
2006 | Тајната книга ТВ-филм | Французинка |
2013 | Балканот не е мртов ТВ-филм | Сопругата на конзулот |
2017 | Исцелител ТВ-филм | Рада |
2022-2023 | Бистра вода ТВ-серија |
Награди
уреди- Награда за време на Фестивалот „Војдан Чернодрински“, за најдобра женска улога за улогата на ликот Шандебис во претставата „Болва в' уво“ (1974)
- Награда „13 Ноември“ (2000)
- Награда за време на Фестивалот „Војдан Чернодрински“, за улогата на ликот Попова во претставата „Крчма крај патот“ (2001)
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Велјанова“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. Text "series " ignored (help)