Даница Георгиевска
Даница Георгиевска (13 април 1967) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.
Даница Георгиевска | ||
Родена | 13 април 1967 | |
---|---|---|
Националност | Македонка | |
Народност | Македонка | |
Занимање | глумица | |
Сопружник | Петар Георгиевски |
Животопис
уредиДаница Георгиевска е родена на 13 април 1967 година. Дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за глумечка игра во класата на Љубиша Георгиевски во 1989 година. Вработена е во Македонскиот народен театар од 1998 година.[1]
Покрај исполнувањето на театарски и филмски улоги, Георгиевска учествувала во културно-образовни емисии на МРТ, телевизиски реклами, снимање на лектирни изданија за деца со оштетен вид, хуманитарни претстави за деца без родителска грижа, како и документарен филм за поетесата Даница Ручегај од 2017 година. Основач е на поетскиот оддел во домот за стари лица „Мајка Тереза“ во Скопје.[1]
Театрографија
уреди- Рипката — „Гуштерица“ од Александар Володин, р. Евгениј Лазаров, МНТ, 1986;
- Јохана Раер — „Баал“ од Бертолт Брехт, р. Владимир Милчин, МНТ, 1987;
- Валерија Ганчева — „Женски прилог за ноќта“ од Блаже Миневски, р. Владимир Милчин, МНТ, 1993;
- Светле — „Буре барут“ од Дејан Дуковски, р. Сашо Миленковски, МНТ, 1994;
- Ана Григоријевна — „Мртви души“ од Николај Василевич Гогољ, р. Владимир Милчин, МНТ, 1994;
- „МКС“ од Војдан Чернодрински, р. Сашо Миленковски, МНТ, 1995;
- Света недела — „Лепа Ангелина“ од Блаже Ристески, р. Владимир Милчин, МНТ, 1995;
- Ивон — „Кројач за дами“ од Жорж Фејдо, р. Димитрие Османли, МНТ, 1996;
- Жената — „Песочна сложувалка“ од Јана Добрева, р. Зоја Бузалковска, МНТ, 1999;
- Дарја Шатова — „Демони“ од Фјодор Михајлович Достоевски, р. Владимир Милчин, МНТ, 2001;
- „Црна дупка“ од Горан Стефановски, р. Сашо Миленковски, МНТ, 2003;
- „Ревизор“ од Николај Василевич Гогољ, р. Владимир Милчин, МНТ, 2006;
- Болничарката — „Мара/Сад“ од Петер Вајс, р. Васил Христов, МНТ, 2008;
- Андромаха — „Троил и Кресида“ од Вилијам Шекспир, р. Љубиша Ристиќ, МНТ, 2010;
- Хор — „Вечната куќа“ од Јордан Плевнеш, р. Дејан Пројковски, МНТ, 2013;
- Елмира — „Тартиф“ од Жан Батист Молиер, р. Галин Стоев, МНТ, 2016.
Филмографија
уреди- Мајка Тереза, р. Драган Велјановски, ТВ-филм, 2000.
- Победа — „Мултиплеј“, р. Владимир Плавевски, ТВ-филм, 2007.
- Мајката — Црни и криви, р. Марко Џамбазоски, ТВ-филм, 2018.
- Жената — Обичниот Ели, р. Лавинија Софрониевска, ТВ-филм, 2022.
- Телевизиски серии
- „Македонски елегии“, 1993.
- "Наше маало", 2002.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Даница Георгиевска Архивирано на 23 декември 2019 г.“. Македонски народен театар.
Надворешни врски
уреди- Даница Георгиевска на Семрежната филмска база на податоци (англиски)