Зоран Љутков

македонски театарски, филмски и теелвизиски глумец

Зоран Љутков (р. 1 октомври 1977 во Велес) — македонски театарски и филмски и телевизиски глумец, кој моментно работи во Драмскиот театар во Скопје.

Зоран Љутков
Роден 1 октомври 1977.(1977-10-01)(46 г.)
Велес, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонец
Познат по улогите во:
Преспав
Пепи и Муто
Фамилија Марковски
Прашина
Операција дијамант
Сенки
5 плус фамилија
Занимање глумец
Сопружник Маја Љутков

Животопис уреди

Љутков е роден во 1977 г. во Велес[1]. Дипломирал на Факултетот за драмски Уметности во Скопје во 2001 г. во класата на прод. Владимир Милчин, а во 2002 г. запишал постдипломски студии за сценографија на Универзитетот за уметности во Белград. Во 2006 г. се вработил како глумец во Драмскиот театар (ДТС) во Скопје.

Уште во текот на студиите глумел во претстави во Народениот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во родниот Велес, но и во други театри во Македонија[1]. До денес има остварено бројни главни и споредни улоги во матичниот театар, но и како гостин во сите поважни театарски установи во државата.

Учествувал на неколку меѓународни театарски фестивали, работилници и филмски и ТВ-проекти. Добитик е на две награди.[1]

Театарски улоги уреди

Филмографија уреди

Филмографија на глумецот Зоран Љутков
Год. Назив Улога
2000.-те
2001. Прашина ТВ филм османлиски војник
2002. Заведени ТВ серија Томи
2003. Резервни делови ТВ филм Мирче
2003. Последниот фалцер ТВ-филм Мустафа
2003. Седум приказни за љубовта и свршувањето ТВ серија Режисерот
2005. Контакт ТВ филм Рецепционерот
2005. Сашо и Сашка ТВ-серија
2006. Караула ТВ филм Милчо
2006. Девет степени ТВ филм Александар
2006. Тајната книга ТВ филм
2006. Патувањето до рабробил ТВ серија
2007. Цимери ТВ-серија
2007. Сенки ТВ филм Славко
2010.-те
2011. Трето па машко ТВ серија Гроздан
2013. Тиквешко востание ТВ-серија
2013 2014. Тврдокорни ТВ серија
2015. 5+ ТВ филм Комшијата
2015. Пепи и Муто Краток филм Началникот
2015. Последниот Македонец Филм Коте
2015-2021. 5+ фамилија ТВ-серија Комшо
2016. Операција Дијамант ТВ-серија Мики
2017-2019. Фамилија Марковски ТВ-серија Професор по физичко
2018-2023. Преспав ТВ серија Градоначалникот
2019. Скопје 2020 Краток филм Таткото
2020.-те
2022 Тајниот изум ТВ-филм Комшо
2022 Во срцето на машината ТВ-филм
2022 Куќен притвор ТВ-серија Судијата
2022-2023 Бистра вода ТВ-серија Петар

Награди уреди

  • 2002: Награда за млад глумец „Трајко Чоревски“ за ликовите во претставата „Синдром Чернодрински“ на XXXVII Меѓународен театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп
  • 2005: Награда од публиката за улогата на Момчето Лисистрата на фестивалот за античка драма Стоби во Стоби
  • 2014: Награда за најдобра машка улога за улогата на "Цанде" во претставата "Солунски патрдии" на Првиот Интернационален Фестивал "Гола Месечина"
  • 2021: Награда за најдобра машка улога на XVIII "Ифад Стоби 2021" за улогата на Сатирот Силен во "Сатирската игра" во режија на Деан Дамјановски.

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 „Зоран Љутков“. Ансамбл. Драмски театар - Скопје. Посетено на 7 мај 2016.

Надворешни врски уреди