Лазе Манасковски
Лазе Манасковски (роден на 27 март 1958) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 1983 година, тој се вработил како глумец во Драмски театар - Скопје и работи сѐ до неговото пензионирање во 2022 година. Неговиот син Иван Манасковски е режисер и Симон Манасковски глумец.
Лазе Манасковски | |
---|---|
Роден(а) | 27 март 1958 |
Националност | Македонец |
Занимање | глумец |
Активен период | 1981 - сѐ уште |
Познат(а) по | по улогите во: Солунски патрдии Македонски народни приказни Сенки Пусто турско Преспав Исцелител |
Деца | Симон Манасковски (син) Иван Манасковски (син) |
Филмографија
уредиМанасковски има остварено бројни филмски улоги:[1]
Година | Филм | Улига |
1983 | Записник ТВ-филм | |
1983 | Премиера ТВ-филм | |
1985 | На наш начин ТВ-филм | |
1986 | Солунски патрдии ТВ-серија | Баже |
1988 | Чук, чук Стојанче ТВ-серија | |
1989-1990 | Тврдокорни ТВ-серија | |
1990 | ДО РЕ МИ ТВ-серија | |
1990 | Еурека ТВ-серија | |
1990 | Северна грешка ТВ-филм | |
1990-1991 | Трст виа Скопје ТВ-серија | Рефет |
1991 | Македонија може ТВ-филм | Инспектор Поповски |
1991 | Поштар ТВ-филм | Поштар 2 |
1992 | Чудовиштата во нашиот град ТВ-серија | Варау |
1998 | На Балканот не се пие чај ТВ-филм | Заптија |
1998-1999 | Во светот на бајките ТВ-серија | |
2000 | Мултилевел ТВ-филм | Непознатиот |
2000 | Погрешно време ТВ-серија | |
2000 | Големи и мали ТВ-серија | Комшијата |
2001 | Одмазда ТВ-филм | |
2001 | Агенција осамени срца ТВ-серија | Арап |
2002 | Заведени ТВ-серија | |
2002 | Наше маало ТВ-серија | Продавачот |
2003 | Волци ТВ-филм | |
2004 | Под ТВ-филм | Андреа Марков |
2004 | Неверство во зимска ноќ ТВ-филм | |
2004 | Големата вода ТВ-филм | |
2006 | Нави ТВ-филм | Курто |
2006 | Пусто турско ТВ-филм | Лука |
2007 | Сенки ТВ-филм | Такси возач |
2007-2010 | Народни приказни ТВ-серија | |
2008 | Куќен совет ТВ-филм | Миле |
2012 | Македонски приказни ТВ-серија | |
2013-2014 | Тврдокорни ТВ-серија | |
2014 | Ул. Шекспир 9/1 ТВ-филм | Мажот |
2014-2017 | Македонски стари приказни ТВ-серија | |
2015 | Медена моќ ТВ-филм | |
2016 | Операција Дијамант ТВ-серија | Алексеј |
2016 | Среќа во вреќа ТВ-серија | Боро |
2016 | Преспав ТВ-серија | Мајсторот |
2017 | Исцелител ТВ-филм | Црни |
2017 | 5+ фамилија ТВ-серија | |
2018 | Мејкинг оф ТВ-филм | Полицаец 1 |
2019 | Врба ТВ-филм | Аврам |
2019 | Фамилија Марковски ТВ-серија | Мирче |
2020 | Хомо ТВ-филм | Човекот |
2022 | Кајмак ТВ-филм | Кумот |
2022-2023 | Бистра вода ТВ-серија | Павле |
2024-2025 | Македонски стари приказни ТВ-серија |
Театарски претстави
уреди- Тајниот Пират — Џон Пиплфокс од Душан Радовиќ, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1981;
- Бабаја — Малорот Џингискан и Мики траси од Весна Парун, р. Ѕвездана Ладика, Драмски театар - Скопје 1982;
- Аладин и волшебната ламба од Симе Илиев, р. Војо Станковски, Драмски театар - Скопје 1983;
- Умна глава од Оливера Николова, р. Кирил Ќортошев, Драмски театар - Скопје 1983;
- Славко — Карамазови од Душан Јовановиќ, р. Паоло Маџели, Драмски театар - Скопје 1984;
- Тајниот пират — Џон Пиплфокс од Мирослав Беловиќ, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1984;
- Бургелав — Крал Иби од Алфред Жари, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1984;
- Волкот — Батување низ сонот на бајките од Симе Илиев, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1984;
- Јован — Салома од Оскар Вајлд, р. Милан Белигишанин, Драмски театар - Скопје 1985;
- Симон — Смртта на Дантон од Георг Бихнер, р. Петар Вечек, Драмски театар - Скопје 1987;
- Карол — Стапица од Тадеуш Ружевич, р. Богдан Хусаковски, Драмски театар - Скопје 1987;
- Абдул — Слободен лов од Јордан Плевнеш, р. Љубиша Георгиевски, Драмски театар - Скопје 1988;
- Нептуниј — Сказна за времето од Љубиша Ѓокиќ, р. Љубиша Ѓокиќ, Драмски театар - Скопје 1988;
- Стеван — Собирен центар од Душан Ковачевиќ, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1989;
- Прв верноподаник — Лице и опачина од Јордан Радичков, р. Љубиша Георгиевски, Драмски театар - Скопје 1989;
- Ало будење од Зафир Хаџиманов, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1990;
- Мајк — Спасени од Едвард Бонт, р. Кристијан Ристески, Драмски театар - Скопје 1990;
- Инспектор — Чија си од Сашко Насев, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1991;
- Роже — Балканот од Жан Жене р. Ивица Кунчевиќ, Драмски театар - Скопје 1991;
- Калибан — Бура од Вилијам Шекспир, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1991;
- Бонфоа — Вообразен болен од Жан Батист, р. Љубиша Георгиевски, Драмски театар - Скопје 1993;
- Хеликон — Калигула од Албер Ками, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1993;
- Дон Алонзо — Дон Жаун од Жан Батист, р. Ненад Стојановски, Драмски театар - Скопје 1994;
- Били — Маратонците го трчаат почесниот круг од Душан Ковачевиќ, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1994;
- Лука — Ревизор од Николај Василевич Гогољ, р. Љубиша Георгиевски, Драмски театар - Скопје 1995;
- Диме — Кумови од Коле Ангеловски, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1995;
- Ни ќар ни зијан од Братислав Димитров, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1996;
- Вазна порцелан од Југослав Петровски, р. Џорџ Роман, Драмски театар - Скопје 1996;
- Три високи жени од Едвард Олби, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1996;
- Ова не е американаки филм од Сашо Миленковски, р. Сашо Миленковски, Драмски театар - Скопје 1997;
- Свадбата на Фигаро од Пјер Бомарше, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1998;
- Дунек од Ненад Вујадиновиќ, р. Синиша Ефтимов, Драмски театар - Скопје 1998;
- Платонов од Антон Павлович Чехов, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1999;
- Ферхат и Ширин од Назим Химмет, р. Ертен Јуџел, Драмски театар - Скопје 2000;
- Мефисто од Клаус Ман, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 2000;
- Сон на летната ноќ од Вилијам Шекспир, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 2001;
- Диво месо од Горан Стефановски, р. Александар Поповски, Драмски театар - Скопје 2001;
- Хамлет од Долго Гаштани од Иво Брешан, р. Мето Јовановски, Драмски театар - Скопје 2004;
- Што е тоа што ги тера жените навечер на трчаат по улиците на Мадрид од Калдерон, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 2004;
- Купидона од Срѓан Јанаќиевиќ, р. Срѓан Јанаќиевиќ, Драмски театар - Скопје 2005;
- Поручникот Инишимор од Мартин Мекдонах, р. Зоја Бузалковска, Драмски театар - Скопје 2005;
- Ладало од Карло Голдони, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 2006;
- Господин Диманш — Дон Жаун од Жан Батист, р. Александар Поповски, Драмски театар - Скопје 2006;
- Кино љубов од Јани Бојаџи, р. Јани Бојаџи, Драмски театар - Скопје 2007;
- Комшилук наопаку од Нина Митровиќ, Нени Делместре, Драмски театар - Скопје 2008;
- Сон на летната ноќ од Вилијам Шекспир, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 2008;
- Хамлет од Вилијам Шекспир, р. Дејан Пројковски, Драмски театар - Скопје 2010;
- Фани Мани од Реј Куни, р. Коле Ангеловски, Универзална сала – Скопје 2012;
- Ринго — Чија си од Сашко Насев, р. Љупчо Ѓоргиевски, Драмски театар - Скопје 2013;
- Секретар — Мајсторот и Маргарита од Михаил Афанасиевич, р. Иван Поповски, Македонски народен театар 2015;
- Ангеле — Буре барут од Дејан Дуковски, р. Сашо Миленковски, Драмски театар - Скопје 2016;
- Атена со пенис од Александар Русјаков, р. Синиша Ефтимов, Драмски театар - Скопје 2017:
- Љупче — Тајно моја од Огнен Неделковски, р. Тони Михајловски, Македонска опера и балет 2017;
- Сметководител — Љубов, вера, надеж од Еден фон Хорват, р. Лука Кортина, Драмски театар - Скопје 2017;
- Поул — Фестен од Томас Винтеберг, р. Зоја Бузалковска, Драмски театар - Скопје 2018;
- Како да се ограби банка од Коле Ангеловски, р. Иван Манасковски, Драмски театар - Скопје 2018;
- Пантаглез од Мишел Де Голдород, р. Владимир Милчин, Драмски театар - Скопје 2019;
- Така зборуваше Гертруда од Миа Николоска, р. Ангелчо Илиевски, Драмски театар - Скопје 2022.
Наводи
уреди- ↑ „Laze Manaskov“. IMDb. Посетено на 25 јануари 2023.
Надворешни врски
уреди- Лазе Манасковски на Семрежната филмска база на податоци (англиски)