Ана Костовска
Ана Костовска (Скопје, 4 март 1963) — македонска глумица и пејачка. Се истакнува како глумица со многубројни главни и споредни улоги во претстави од разни продукции, како и во телевизиски и филмски проекти, од кои најпознат е телевизиската серија „''Бушава азбука''“ во која ги изведувала насловните нумери. Ана Костовска е главниот вокал на култната група од осумдесеттите Бастион, а соработувала со Кирил Џајковски, Милчо Манчевски, Влатко Стефановски, Драгиша Солдатовиќ - Лабиш и други.
Образование и глумечка дејност
уредиВо 1985 година Ана Костовска дипломирала на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св Кирил и Методиј“, во класата на професорот Владимир Милчин. Веднаш по дипломирањето, таа се придружила кон групата К.П.Г.Т. на режисерот Љубиша Ристиќ, еден од најзначајните европски режисери во тоа време. Глумечкиот занает го изучила од најголемите југословенски театарски творци и дејци и во 1995 година, таа се пселила во Белград, каде продолжила да работи како глумица. Во 2001 година, таа се вратила во Скопје, а 2007 година, таа се вработила во Драмски театар - Скопје.
Музичка кариера
уредиНапоредно со глумечката кариера, Ана Костовска активно се занимавала и со музика, пред сè како глумец кој пее, но музицира и Rock and roll, Jazz, Pop rock и етномузика. Главен вокал е на култната група од `80 те „Бастион“, соработувала со Кирил Џајковски, Милчо Манчевски, Влатко Стефановски, Драгиша Солдатовиќ – Лабиш и други.
Поважни театарски улоги
уреди- Оговарање, р. Љубиша Ристиќ, Будва - град театар, 2007
- Конзулска времена, од Иво Андриќ, р. Љубиша Ристиќ, Звездара театар, 2008
- Лавинија – Тит Андроник, од Шекспир, р. Д. Јовановиќ
- Ен Хатавеј - Everything and nothing, од Борхес, р. К. Челан
- Маргарита - Ричард трети, од Шекспир, р. Љубиша Ристиќ
- Регана - Крал Лир, од Шекспир, р. Љ. Ристиќ
- Хермија - Сон на летната ноќ, р. Љ. Ристиќ
- Аркадина - Галеб, од А. П. Чехов, р. Ј. Радивоевиќ
- Гертруда – Хамлет коментари, по Шекспир, р. Ф. Гаиќ
- Клеопатра – Антонио и Клеопатра, од Шекспир, р. Ф. Гаиќ
- Мама Иби – Крал Иби, од Алфред Жари, р. Харис Пашовиќ
- Јулија – Госпоѓица Јулија, од Избен, р. Сашо Миленковски
- Понсија – Домот на Бернарда Алба, од Ф. Г. Лорка, р. Горчин Стојановиќ
- Ана Франк – Ана – една приказна, р. Ѕвездана Ангеловска
- Електра – Електра, од Софокле, р. Елени Боса
- Животинска фарма, од Орвел, р. Владимир Милчин
- Рамна земја, МНТ
- Непушач, р. Б. Брезовац
- Анита Бербер, р. Н. Кокотовиќ
- Bloody Mary, р. Љ. Ристиќ, Г. Ленѓел, Р. Шербеџија
- Антигона
- Тартиф, од Молиер, р. Љ. Ристиќ
- Дон Жуан, од Молиер, р. Љ. Ристиќ
- Миса во А-мол, по Данило Киш, р. Љ Ристиќ
- Кузман Капидан, од Глигор Прличев, р. Сашо Миленковски
- Тапани во ноќта, од Б. Брехт, р. Саша Габриќ
- Купдона, р. Срѓан Јаниќиевиќ
- Зенит, р. Драган Живадинов
- Сараевски приказни, р. Ф. Гаиќ
Филмографија
уредиКостовска ги остварила филмските улоги:[1]
- Танго – тажна мисла која се танцува, р. Пуриша Ѓорѓевиќ
- Ѕвездите на `42, режија, Јане Петковски,
- Големата вода, режија Иво Трајков,
- Контакт, режија Сергеј Станоевски,
- Бал-кан-кан, режија Дарко Митревски
- Сенки, режија Милчо Манчевски
- Славица - Јас сум од Титов Велес, режија Теона Митевска
- Беса - р. Срѓан Карановиќ, 2010
- Стамена - До балчак, режија Столе Попов, 2014
- Жена со јајца - Ослободување на Скопје, режија Раде Шербеџија, 2016
- Продавачка во продавница - Кога денот немаше име, режија Теона Митевска, 2017
- Милка - Чевли, режија Бранко Котески, 2017
- Весна - Врба, режија Милчо Манчевски, 2019
- Најсреќниот човек на светот, режија Теона Митевска, 2022
Награди и признанија
уреди- Награда на новинарите за најдобра женска улога – Мајката Иби во претставата „Крал Иби“ во режија на Харис Пашовиќ на Битеф, Белград во 1994 година.
- Награда 10 Festival du Cinema Europeen en Essonne, Prix d`interpretation feminine 2008 pour l efilm JE SUIS DE TITOV VELЕS de Teona Mitevska
Наводи
уреди- ↑ „Ana Kostovska“. IMDb. Посетено на 5 февруари 2023.
Надворешни врски
уреди- Ана Костовска на Ризницата ?