<< март >>
Н П В С Ч П С
01 02
03 04 05 06 07 08 09
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31
2024

17 март — 76-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (77-и во престапна година). Остануваат 289 денови до крајот на годината.

Настани:

1891  Воспоставена е првата телефонска врска меѓу Лондон и Париз. Првата телефонска линија во Европа беше отворена во 1877 година во Берлин, во Германија. Пет години подоцна Берлин ја доби првата телефонска централа само со 48 претплатници. Тоа беа почетоците на телефонскиот сообраќај кој со голема брзина го освои светот.
1947  Во Скопје е формирана првата хируршка клиника во Македонија.
1958  САД од космодромот „Кејп Каневерал“ во орбитата околу Земјата го лансираа вториот американски сателит „Вангард I“.
1963  При ерупција на вулканот Агунг на индонезискиот остров Бали загинаа најмалку 11.000 луѓе.
1969  Голда Меир станала првата жена на должноста премиер на Израел.
1992  Република Македонија и Република Словенија воспоставиле дипломатски односи.
1998  Џу Жунгѓи станал премиер на Кина.
2014  Властите на АР Крим објавуваат независност од Украина и доставуваат барање да станат федерална единица на Русија како Република Крим, притоа распишувајќи референдум кој завршува со огромна поддршка за предлогот.

Родени:

1834  Готлиб Вилхелм Дајмлер — германски инженер.
1919  Нет Кинг Коул — американски музичар.
1921  Иван Несторовски — македонски геолог.
1921  Љупчо Сантов — македонски партизан и учесник во НОБ.
1935  Владимир Поповиќ — српски и југословенски фудбалер и тренер.
1936  Никола Нака — македонски градежен инженер.
1938  Рудолф Нуреев — руски и советски балетан.
1939  Џовани Трапатони — италијански фудбалер и тренер.
1943  Газанфер Бајрам — македонски академски сликар.
1955  Гери Синис — американски глумец и режисер.
1959  Дени Ејнџ — американски кошаркар.
1964  Роб Лоу — американски глумец.
1967  Били Корган — американски рок-музичар, член на групата „Смешинг пампикнс“ (The Smashing Pumpkins).
1970  Флорин Радучоју — романски фудбалер.
1976  Алваро Рекоба — уругвајски фудбалер.
1983  Раул Меирелеш — португалски фудбалер.
1985  Дарио Каталдо — италијански велосипедист.
1986  Един Џеко — босански фудбалер.
1989  Шинџи Кагава — јапонски фудбалер.
1993  Кума Бабакар — сенегалски фудбалер.
1994  Марсел Забицер — австриски фудбалер.
1998  Урош Рачиќ — српски фудбалер.

Починале:

180  Марко Аврелиј — римски цар и стоички филозоф.
1782  Даниел Бернули — швајцарски лекар, физичар и математичар.
1956  Ирена Жолио-Кири — ќерка на Пјер и Марија Кири.
1973  Перл Бак — американска писателка.
1976  Лукино Висконтииталијански филмски режисер и сценарист, еден од зачетниците на неореалистичката филмска школа.
1988  Валтер Ниг — швајцарски теолог.
2010  Алекс Чилтон — американски поп-рок музичар, член на групата Биг стар (Big Star).
2023  Дубравка Угрешиќ — хрватска писателка.
2024  Стив Харли — англиски рок-музичар, член на групата Кокни ребелс (Cockney Rebels).