Јасмина Поповска
македонска глумица
Јасмина Поповска (14 јули 1959) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.
Јасмина Поповска | ||
Родена | 14 јули 1959 | |
---|---|---|
Националност | Македонка | |
Народност | Македонка | |
Занимање | глумица |
Животопис
уредиЈасмина Поповска е родена на 14 јули 1959 година. Таа дипломирала на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за глумечка игра во класата на професорите Тодорка Кондова-Зафировска и Слободан Унковски во 1984 година. Таа била вработена во Македонскиот народен театар, уште од периодот непосредно по дипломирањето.[1]
Театрографија
уреди- Амелија — „Погрижи се за Амелија“ од Жорж Фејдо, р. Коле Ангеловски, МНТ, 1984;
- Мирандолина — „Мирандолина“ од Карло Голдони, р. Вукан Диневски, МНТ, 1985;
- Ангелина — „Рамна земја“ од Ташко Георгиевски, р. Владимир Милчин, МНТ, 1985;
- Гуштерица — „Гуштерица“ од Александар Володин, р. Евгениј Лазаров, МНТ, 1986;
- Ружа — „Тетовирани души“ Од Горан Стефановски, р. Богдан Поп Ѓорчев, НТ Штип, 1986;
- Емилија/Маја — „Баал“ од Бертолт Брехт, р. Владимир Милчин, МНТ, 1987;
- Мица — „Мрестење на краповите“ од Александар Поповиќ, р. Ацо Алексов, МНТ, 1987;
- Мира — „Кал“ од Марија Ирене Форнес, р. Наум Пановски, МНТ, 1988;
- „Црна дупка“ од Горан Стефановски, р. Паоло Маџели, МНТ, 1988;
- Елианта — „Мизантроп“ од Жан Батист Молиер, р. Владимир Милчин, МНТ, 1989;
- Анжелика — „Жорж Данден“ од Жан Батист Молиер, р. Бранко Ставрев, МНТ, 1992;
- Девојката — „Соната на сеништата“ од Август Стриндберг, р. Стојан Стојаноски, МНТ, 1992;
- Ана — „Буре барут“ од Дејан Дуковски, р. Сашо Миленковски, МНТ, 1994;
- Цвета — „МКС“ од Војдан Чернодрински, р. Сашо Миленковски, МНТ, 1995;
- Хелена — „Обѕирни се во гнев“ од Џон Озборн, р. Васил Христов, МНТ, 1995;
- Сузана — „Кројач за дами“, од Жорж Фејдо, р. Димитрие Османли, МНТ, 1996;
- Болничарка — „Мара/Сад“ од Петер Вајс, р. Васил Христов, МНТ, 2008;
- „Троил и Кресида“ од Вилијам Шекспир, р. Љубиша Ристиќ, МНТ, 2010;
- „Мојот човек“ од Мирјана Ојданиќ, р. Катерина Коцевска, МНТ, 2012;
- Хор — „Вечната куќа“ од Јордан Плевнеш, р. Дејан Пројковски, МНТ, 2013.
Филмографија
уреди- Лејла — „Марика лета со авион“, р. Борис Дамовски, ТВ-филм, 1988;
- Мира — „Северна грешка“, р. Борис Дамовски, ТВ-филм, 1990;
- "Остани исправен", р. Кристијан Ристески, ТВ-филм 2005.
- Телевизиски серии
- „Македонски народни приказни“, 1986 - 1989;
- „Случки од животот“, 1987;
- "Чук, чук Стојанче", 1987;
- "Кога меракот пее", 1989;
- "Еурека", 1993;
- Перуника — „Од денес за утре“, 2010;
- Жената — "Преспав", 2021-2024.
Награди
уреди- Награда за најдобар млад глумец на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп;
- Награда на ревијата „Екран“ за најдобар млад глумец за улогата на Емилија во претставата „Баал“, 1988;
- Признание на ТВ-филмскиот фестивал во Берлин.
Наводи
уреди- ↑ „Јасмина Поповска Архивирано на 23 декември 2019 г.“. Македонски народен театар.
Надворешни врски
уреди- Јасмина Поповска на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Биографија на Јасмина Поповска, Македонски народен театар.