Љупчо Бреслиски
Љупчо Бреслиски (Штип, 14 мај 1962 - Штип, 15 мај 2016) — познат македонски театарски, телевизиски и филмски глумец.
Љупчо Бреслиски | |
---|---|
Роден(а) | 14 мај 1962 Штип, СР Македонија |
Починал(а) | 16 мај 2016 Штип, Македонија | (возр. 54)
Националност | Македонец |
Занимање | глумец |
Биографија и кариера
уредиБреслиски е роден во 1962 година во Штип. Почнал како глумец во драмското студио во штип, а се усовршил на ФДУ во Скопје во групата на Владимир Милчин. Работел во тетатарот во Суботица, своевремено еден од најдобрите во Југославија. Играл во бројни театарски претстави, но и во телевизиски серии, особено во култната Трст виа Скопје. Ја играл и една од носечките улоги во единствениот македонски филм номиниран за Оскар од неанглиско јазично подрачје, Пред дождот, на Милчо Манчевски. Починал во Штип на 15 мај 2016 година.[1]
Година | Филм | Улога |
---|---|---|
1987-1990 | Трст виа Скопје | |
1991 | ТВ Театар ТВ-серија | |
1994 | Пред дождот | Митре |
1997 | Преку езерото | |
2004 | Како убив светец | Премиер |
2004 | Големата вода | Инспектор |
2007 | Јас сум од Титов Велес | Чувар 1 |
2007 | Сенки | Ефтим |
Наводи
уреди- ↑ „Жална вест: Почина еден од омилените македонски глумци“. Архивирано од изворникот на 2016-07-13. Посетено на 2018-10-07.
- ↑ Бреслиски Љупчо на страната на Кинотека на Македонија
Надворешни врски
уреди- Љупчо Бреслиски на Семрежната филмска база на податоци (англиски)