Мирко Стефановски

Тихомир „Мирко“ Стефановски (Скопје, 7 септември 1921Скопје, 31 октомври 1981) – македонски режисер и глумец.[1]

Мирко Стефановски
Роден 7 септември 1921
Скопје
Починал 31 октомври 1981
Скопје
Националност Македонец
Занимање публицист, новинар, филмски и фотографски автор
Сопружник Нада Стефановска
Роднини Ристо Стефановски (брат)
Деца Горан Стефановски, Влатко Стефановски

Животопис уреди

Тихомир (роденото име на Мирко) е роден на 7 септември 1921 година во Дебар Маало.

Бил член на предвоеното Модерно позориште, член на патувачкиот театар „Димче Трајковски“. По Втората светска војна бил раководител на културно-забавната група на 42. Македонска дивизија на НОБ. Бил еден од основачите на МНТ и член на Драмата на МНТ до 1951 година.

Во 1951 година станува режисер во Народниот театар во Битола каде останува до 1954 година и каде во 1952 година го добива синот Горан.

Од 1954 до 1960 година работи во Народниот театар во Прилеп како режисер и директор. Во 1957 година го добива синот Влатко.

Од 1960 до 1962 година бил директор на Работничкиот дом во Скопје, а од 1962 до 1964 бил помошник-управник на МНТ. Од 1965 до крајот на својот живот бил постојан режисер во Театарот на народностите во Скопје.

Како прв македонски режисер ја поставил „Вејка на ветерот“ како прво македонско дело во Птуј, Словенија. Бил режисер на девет праизведби од македонски автори.

Наводи уреди

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Стефановски Мирко“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1425. Text "series " ignored (help)

Надворешни врски уреди

Мирко Стефановски[мртва врска] на Macedonism