27 септември

датум

Предлошка:Септември 2024

27 септември — 270-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (271-и во престапна година). Остануваат 95 денови до крајот на годината.

Настани:

1529  Османлиската војска под команда на Сулејман Величествениот ја започна Опсадата на Виена.
1822  Жан-Франсоа Шамполион објавил дека го дешифрирал Каменот од Розета.
1825  Англискиот пронаоѓач Џорџ Стивенсон управувал со својата парна локомотива која влечела 38 вагони на линијата Стоктон - Дарлингтон во Велика Британија. За кратко време железничката мрежа се проширила низ цела Европа.
1854  Во Атлантскиот Океан потонал бродотАрктик“ со околу 300 патници.
1905  Списанието „Анали на физиката“ го објавило трудот на Алберт Ајнштајн „Дали инерцијата на телото зависи од неговата енергија“ каде за првпат е претставена познатата равенка E=mc².
1908  Во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“ под редакција на Димитар Влахов.
1939  По 19-дневен отпор Варшава паднала во рацете на германските трупи.
1940  Во Берлин, Италија и Јапонија потпишале 10-годишен воен и економски пакт и формално создале сојуз на фашистички сили познат под името Оската Берлин - Рим - Токио.
1993  Република Македонија е примена за член на Меѓународната агенција за атомска енергија.
1994  Република Македонија воспоставила дипломатски односи со Португалија и со Кралството Саудиска Арабија.
1994  Во Скопје е основано Македонско-кинеското друштво за пријателство и соработка.
1995  Република Македонија е примена во Советот на Европа како 38-ма членка.

Родени:

1389  Козимо де Медичи — владетел на Фиренца.
1601  Луј XIII — француски крал.
1783  Аугустин Итурбиде — генерал, потоа цар на Мексико под името Августин I.
1901  Иван Милутиновиќ — југословенски комунист, партизан и народен херој.
1920  Таки Хрисик — македонски композитор и музички педагог.
1922  Артур Пен — американски филмски режисер.
1953  Роби Шекспир — јамајски реге-музичар.
1958  Ирвин Велшшкотски писател.
1965  Стив Кер — американски кошаркар и тренер.
1972  Гвинет Палтроу — амриканска глумица.
1976  Франческо Тотииталијански фудбалер.
1982  Лил Вејн — американски рапер.
1984  Аврил Лавињканадска пејачка.
1987  Петар Игнатенко — руски велосипедист.
1991  Симона Халеп — романска тенисерка.
1992  Гранит Џака — швајцарски фудбалер.
1999  Елиф Елмас — македонски фудбалер од турска националност.
1999  Игор Дивеев — руски фудбалер.

Починале:

1590  Урбан VIIримски папа.
1891  Иван Гончаров — руски писател.
1917  Едгар Дегафранцуски сликар и вајар.
2018  Благој Истатовмакедонски фудбалски голман.
2018  Марти Белин — американски рок-музичар.
2021  Драган Поповски - Дада — македонски вајар.
2021  Роџер Хант — англиски фудбалер.