9 февруари
датум
<< | февруари | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | ||||
4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
25 | 26 | 27 | 28 | 29 | ||
2024 |
9 февруари — 40-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 325 денови до крајот на годината (326 во престапна).
Настани:
1540 | Во местото Рудај Филдс, во близина на англискиот град Честер се одржа првата современа трка со коњи во светот. |
1573 | По поразот на востаниците на Матија Губец во Стубичката битка била задушена Селанската буна на хрватско-словенечките селани. |
1849 | Италијанскиот револуционер Џузепе Мацини го прогласи Рим за република. |
1861 | Џеферсон Дејвис е избран за претседател, а Александар Стивенс за потпретседател на Конфедералните американски држави (робовладетелски држави отцепени од САД). |
1922 | Признато му е авторското право на францускиот композитор Пјер Дегејтер на музиката за пролетерската химна „Интернационала“. Дегејтер уште во 1888 година напиша музика за текст на пролетерскиот поет Ежен Потје и таа првпат беше изведена истата година спроти празникот на здруженијата на француските социјалистички новинари. При првото изведување случајно е изоставено името на композиторот, па Дегејтер подоцна со години залудно го докажуваше своето авторство. |
1923 | Основано советското државно воздухопловно претпријатие „Добролет“ кое во 1932 година го промени името во „Аерофлот“. |
1943 | Втора светска војна: Почна Битката на Неретва, позната како Битка за ранетите, една од најзначајните битки во текот на НОВЈ против фашизмот. Битката траеше до 31 март истата година, а во неа беа спасени околу 3.500 ранети и префрлени на слободна територија. |
1944 | Во блисина на Илин Врв (во близина на Прилеп) I македонско-косовска ударна бригада со изненадувачки напад ја разбива бугарската колона која е пратена во потера по неа. |
1945 | Научникот Селман Ваксман и неговиот студент Алберт Шац го открија антибиотикот стрептомицин наменет за болните од туберкулоза. Ваксман својот прв антибиотик го откри во 1940 година, но тој се покажал како токсичен по здравјето на луѓето. |
1962 | Јамајка стана независна држава во рамките на британскиот Комонвелт. |
1995 | Република Македонија и Република Индија воспоставиле дипломатски односи. |
Родени:
Починале:
1587 | Марија Стјуарт — кралица на Шкотска. |
1640 | Мурат IV — отомански султан. |
1675 | Герит Дау — холандски сликар. |
1881 | Фјодор Михајлович Достоевски — руски писател. |
1927 | Чарлс Волкот — американски научник. |
1944 | Кирил Прличев — македонски револуционер. |
1957 | Павел Делирадев — бугарски општественик. |
1977 | Сергеј Владимирович Иљјушин — руски авио-конструктор. |
1984 | Јуриј Андропов — советски политичар. |
1993 | Мину Угриновска — македонска театарска глумица. |
2015 | Боба Стефановиќ — српски и југословенски пејач и композитор на забавна музика. |
2018 | Небојша Глоговац — српски глумец. |
2024 | Дамо Сузуки — јапонски музичар, пејач на групата Кен (Can). |