20 март
датум
<< | март | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | |||||
3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | ||||||
2024 |
20 март — 79-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (80-и во престапна година). Остануваат 286 денови до крајот на годината.
Настани:
1602 | Создадена е Холандската источноиндиска компанија |
1616 | Волтер Роли бил ослободен од Лондонската кула по 13 години затвор |
1760 | Избувнал голем пожар во Бостон. |
1792 | Законодавното собрание на Франција официјално го одобрилo предлогот за користење на гилотината како средство за погубување |
1815 | Наполеон Бонапарт со 140.000 војска влегува во Париз |
1848 | Германска револуција: баварскиот крал Лудвиг I абдицира од престолот |
1861 | Голем земјотрес го зафатил градот Мендоса, Аргентина |
1933 | Германските нацисти во Дахау го отворија првиот концентрационен логор. |
1956 | Франција ја призна независноста на Тунис. |
1991 | Каледа Зија е избрана за премиер за Бангладеш. |
1991 | По одржаните повеќепартиски избори во Република Македонија, во Скопје е формирана првата Влада на Република Македонија. За прв претседател е избран д-р Никола Кљусев. |
1992 | Во Скопје е формиран Македонскиот олимписки комитет (MOK). За претседател е избран Васил Тупурковски. |
1996 | Во Скопје е основана Секцијата за македонско-американско пријателство. |
1996 | Излезе првиот број на весникот „Дневник“. |
Родени:
1497 | Атахуалпа — последен владетел на Тавантинсују. |
1725 | Абдул Хамид I — отомански султан. |
1770 | Фридрих Хелдерлин — германски романтистички поет, еден од основоположниците на германскиот идеализам. |
1811 | Наполеон II — француски цар. |
1828 | Хенрик Ибзен — норвешки писател. |
1875 | Сингман Ри — прв претседател на Јужна Кореја. |
1915 | Свјатослав Рихтер — руски пијанист. |
1945 | Пат Рајли — американски кошаркар и тренер. |
1952 | Сами Шаќири — поранешен член на ОНА. |
1955 | Перихан Ејупи - Туна — македонска глумица. |
1955 | Васо Николовски — македонски поет. |
1980 | Џамал Крафорд — американски кошаркар. |
1984 | Фернандо Торес — шпански фудбалер. |
1985 | Тања Савиќ — српска пејачка. |
1986 | Бењат Инчаусти — шпански велосипедист. |
1987 | Емилија Атијас — аргентински модел. |
1990 | Маркос Рохо — аргентински фудбалер. |
Починале:
1191 | Климент III — римски папа. |
1413 | Хенри IV — англиски крал. |
1727 | Исак Њутн — англиски физичар, математичар и астроном. |
1894 | Лајош Кошут — претедател на Кралството Унгарија. |
1953 | Грасилијано Рамос — бразилски писател. |
1980 | Волче Наумчески — македонски писател. |
1988 | Гил Еванс — канадски џез-пијанист и аранжер. |
1990 | Лав Јашин — руски и советски фудбалер. |
2001 | Хајредин Арифи — поранешен член на ОНА. |
2015 | Никола Јовановиќ — српски и југословенски глумец. |