29 април
датум
<< | април | >> | ||||
---|---|---|---|---|---|---|
П | В | С | Ч | П | С | Н |
1 | ||||||
2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
30 |
29 април — 119-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (120-и во престапна година). Остануваат 246 денови до крајот на годината.
Настани:
1429 | Јованка Орлеанка на чело на неколку стотици Французи ги победила англиските освојувачи и го зазела градот Орлеан. |
1672 | Кралот Луј XIV извршил инвазија на Холандија. |
1861 | По предлог на епископот Јосип Јурај Штросмајер, Собранието на Хрватска донело одлука за основање на Југословенска академија на науките и уметностите како матична културно-научна установа на сите Јужни Словени. |
1945 | Втора светска војна: германските окупациски сили во Италија безусловно капитулирале пред Сојузниците. |
1968 | Мјузиклот „Коса“ — претставително дело на хипи-движењето и пацифизмот бил премиерно прикажан на Бродвеј во Њујорк, САД. |
1997 | Во Луксембург, Република Македонија и Европската унија ја потпишале спогодбата за соработка. |
1999 | При бомбардирањето на НАТО на СР Југославија била урната највисоката зграда во земјата — телевизиската кула (203 м) на планината Авала, близу Белград. |
2005 | Сирија целосно се повлекла од Либан, окончувајќи ја 29-годишната окупација. |
2011 | Британскиот принц Вилијам се венчал со неговата долгогодишна девојка Кејт Мидлтон. |
Родени:
1519 | Тинторето — италијански сликар. |
1769 | Артур Велсли Велингтон — британски генералисимус од Наполеоновите војни. |
1818 | Александар II Николаевич Романов — руски цар. |
1854 | Жил Анри Поанкаре — француски математичар, физичар и филозоф. |
1863 | Константин Кавафи — грчки поет. |
1899 | Алдо Нади — италијански мечувалец. |
1899 | Дјук Елингтон — американски џез пијанист, композитор и водач на оркестар. |
1901 | Хирохито — јапонски цар. |
1907 | Фред Синеман — американски филмски режисер. |
1925 | Ивао Такамото — американски аниматор на цртани филмови. |
1933 | Вили Нелсон — американски пејач, глумец и писател. |
1936 | Зубин Мехта — индиски диригент. |
1940 | Питер Дајмонд — американски економист, добитник на Нобеловата награда. |
1947 | Владимир Милчин — македонски театарски режисер. |
1948 | Михаел Кароли — германски рок-музичар. |
1964 | Џеј Рамадановски — српски фолк-пејач. |
1970 | Андре Агаси — американски тенисер. |
1984 | Михал Голаш — полски велосипедист. |
1989 | Александар Маренич — руски фудбалер. |
Починале:
1898 | Илија Марков Малешевски — македонски ајдутски војвода. |
1916 | Јорген Грам — дански математичар. |
1933 | Константин Кавафи — грчки поет. |
1947 | Ирвинг Фишер — американски економист. |
1951 | Лудвиг Витгенштајн — австриско-британски филозоф. |
1967 | Ентони Ман — американски филмски глумец и режисер. |
1980 | Алфред Хичкок — британски филмски режисер. |
1993 | Мик Ронсон — англиски рок-гитарист. |
2006 | Џон Кенет Галбрајт — канадско-американски економист. |
2017 | Џонатан Дем — американски филмски режисер. |
2019 | Џон Синглтон — американски филмски режисер. |
2020 | Ирфан Кан — индиски глумец. |