Димитар Станковски
Димитар Станковски (р. 11 октомври 1946, Прилеп - 3 јануари 2007, Скопје) — македонски театарски и филмски режисер и глумец. Бил вработен во Драмски театар - Скопје.
Димитар Станковски | |
---|---|
Роден(а) | 11 октомври 1946 Прилеп, СФР Југославија |
Починал(а) | 3 јануари 2007 Прилеп, Македонија | (возр. 60)
Националност | Македонец |
Занимање | режисер глумец |
Активен период | 1970 - 2007 |
Животопис
уредиДипломирал на Театарската академија во Софија (1970). По завршувањето на Театарската академија во 1970 година, веднаш се вработил во Драмски театар - Скопје, а во период (1999-2001) бил директор на истиот и повторно во (2003-2004) година.
Како режисер дебатирал со комедијата "Нажалена фамилија" од Бранислав Нушиќ со кое учествувал на Стериино позорје во Нови Сад во 1971 година. Во истата година на малата сцена ја режирал камерната драма "Болен Дојчин" од Георг Сталев, во главна улога глумецот Марин Бабиќ, во која по неколку месеци доживеала голем успех на фестивалот на малите експериментални сцени во Сараево.
Посветувајќи се целосна на режија, Станковски имаше посебен афинитет кон од драмските текстви лд современата македонска и светска драматургија. Од над 110 режирани претстави барем шест се играни околу 150 пати - "Косанќичев венец", "Нажалена фамилија", "Женски оркестар", "Чија си", "Грев или шприцер", "Вагинални монолози".
Последните неколку години ги создаде: "Три сестри" во Драмски театар - Скопје, "Небо без рамка" во Детдкиот театарски центар, "Последниот маж, последната жена" во продукција на Планета, "Позитивно мислење" на Универзална сала – Скопје, "Мушичка" и "Адска машина" во Театар Куманово, "Татко" во Народен театар Војдан Чернодрински, "Оркестар титаник" во Македонски народен театар.
Театарски претстави
уреди- Болен Дојчин (1971)
- Нажалена фамилија (1971)
- Седмо, кради помалку (1976)
- Суд (1979)
- Тартиф (1981)
- За тебе моја Долорес (1981)
- Косанчиќев венец (1982)
- Патување низ сонот на бајките (1984)
- Крал Иби (1984)
- Ноќ спроти Водици (1986)
- Сара Бернер (1986)
- Добра ноќ мајко (1987)
- Клаустрофобична комедија (1988)
- Шуаби ап (1989)
- Професионалец (1990)
- Женски оркестар (1991)
- Чија си (1991)
- Рибарски караници (1992)
- Харем (1994)
- Терористи (1994)
- Ревизор (1995)
- Ни ќар ни зијан (1996)
- Вујко Вања (1997)
- Соната во А-мол (1997)
- Сердарот (1998)
- Словенски ковчег (1998)
- Платонов (1999)
- Елешник (2000)
- Вагинални монолози (2001)
- Дон Жаун (2001)
- Црни куклички (2001)
- Сон на летната ноќ (2001)
- Бунт во домот за старци (2001)
- Грев или шприцер (2003)
- Позитивно мислење (2004)
- Три сестри (2004)
- Оркестар титаник (2006)
Надворешни врски
уреди- Димитар Станковски на Семрежната филмска база на податоци (англиски)