Душан Наумовски
За македонскиот првоборец и театарски режисер, видете Душко Наумоски.
Душан Наумовски (Битола, 8 јули 1938 - Битола, 27 август 2011) — македонски режисер.[1]
Животопис
уредиНаумовски е роден на 8 јули 1938 година во Битола, во средина на сиромашно земјоделско семејство со револуционерна традиција и напредни сфаќања. Гимназиските денови Наумовски ги поминува со забележителна општествена и културна активност во организирање и покренување на многубројни настани и активности. По завршувањето на средното образование 1957 година се запишал на отсекот за режија на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград, Србија во класата на професорот Вјекослав Африќ, која со успех ја завршил во 1961 година. После дипломирањето се вработил како режисер во народниот театар во Битола каде ја зпочнал својата професионална активност во областа на драмската уметност. Во 1965 година се вработил во македонската Телевизија тогашна Телевизија Скопје, каде активно работел до своето пензионирање. Починал во Битола на 27 август 2011 година.
Филмографија
уредиЗа време на 35-годишната професионална работа во телевизијата, Наумовски имал режирано значајни тв претстави, драми, серии за возрасни, но неговиот творечки опус е поврзан со создавањето за деца. Неговите играни серии за деца „13-от КЛУЧ“ ,„ДА ВИДАМ ДА ВИДАМ ШТО ДА БИДАМ“, „БУЛКИ КРАЈ ШИНИТЕ“, „СОНЦЕ НА ДЛАНКА“, „ВТОРАТА СМЕНА “, „ДО РЕ МИ“ ,„ГОЛЕМИ И МАЛИ“ претствауваат анталогиски телевизиски приказни за деца кои ги паметат многу генерации.
- 1966: До победата и по неа (асистент на режија)
- 1967: Лифт горе, лифт долу (режија)
- 1969: Дазлисиор (режија, игран филм)
- 1970: Веселиот Иван Галабин (режија, игран филм)
- 1971: Придружници (режија)
- 1973: Смилевскиот конгрес (режија, игран филм)
- 1974: Патот кон иднината (режија, играна серија)
- 1978-1982: Закопана мистрија (режија, документарна серија)
- 1981: Булки крај шините (режија, играна серија)
- 1986: Андреја Дамјанов (режија, документарен филм)[2]
- 1988: Втора смена (режија, играна серија)
- 1990: ДО РЕ МИ (режија, играна серија)
- 1991: Болва в' уво (режија, игран филм)
- 1997: Вујко Вања (режија, игран филм)
- 2000: Големи и мали (режија, играна серија)
- 2011: Трето па машко (режија, играна серија)
Наводи
уреди- ↑ Republička zaednica na kulturata (2007). Sovremenost: literatura, umetnost, opštestveni prašanja (55. изд.). Kn-vo "Kočo Racin".
- ↑ Биографија на Кинотека на Македонија