Владимир Светиев (Свето Митрани, Крушевско, 14 јули 1945Битола, 1 ноември 2013) — еден од најекспонираните македонски глумци и долгогодишен првенец на Македонскиот народен театар.

Владимир Светиев
Роден 14 јули 1945
Свето Митрани, ДФ Македонија, ДФЈ
Починал 1 ноември 2013(2013-11-01) (возр. 68)
Битола, Македонија
Познат по улогите во:
Црвениот коњ
Истрел
Време на летала
Записник
Македонска сага
Занимање глумец

Животопис

уреди

Светиев е роден на 1 јули 1945 година во крушевското село Свето Митрани. Тој бил меѓу 15-ината студенти на Илија Џувалековски и дипломирал во 1971 година на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Загреб, каде што професорот организирал наставен модел кој им овозможил предметите Глумечка игра и Сценски говор со техника на глас да ги учат на својот мајчин јазик. Во 1971 година Светиев влегол во ансамблот на Драмата на МНТ, дебитирајќи во пиесата на Бранко Пендовски „Под пирамидата“. Таму го поминал сиот работен век, а повремено гостувал и во другите македонски театри. Две сезони поминал во Милхајм, Германија, во Театарот на Ромите „Пралипе“.

Одиграл шеесетина улоги и во историјата на македонската глума е впишан како еден е од најнаградуваните глумци: добитник е на дури пет награди за најдобри театарски остварувања на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп (1977, 1988, 1990, 1991 и 2002), на Наградата „Војдан Чернодрински“ за животно дело во 2012 година, и на наградите „11 Октомври“ и „13 Ноември“.

Починал на 1 ноември 2013 година во Битола.[1]

Филмографија[2]

уреди

Наводи

уреди
  1. Почина глумецот Владимир Светиев. Архивирано од изворникот на 2013-11-03. Посетено на 2013-11-01.
  2. Светиев Владимир

Надворешни врски

уреди