Ацо Јовановски
Александар „Ацо“ Јовановски (31 декември 1930 во Скопје - починал на 18 март 2016 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец, еден од легендите на македонската драмска сцена. Ацо Јовановски припаѓа на првата генерација на дипломирани глумци. Во неговата богата кариера има одиграно 10 до 12 врвни улоги, како во македонските така и во југословенските претстави и филмови. Како глумец учествувал во различни жанрови како комедии, историски драми и филмови со современа тематика.
Ацо Јовановски | ||
Роден | 31 декември 1930 Скопје, Вардарска Бановина, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 18 март 2016 Скопје, Македонија | (возр. 85)|
Националност | Македонец | |
Народност | Македонец | |
Познат | по улогата во: Фросина Мирно лето Црно семе Македонскиот дел од пеколот Црвениот коњ Заборавени Оловна бригада Жед Најдолгиот пат Погрешно време Болва в' уво | |
Занимање | глумец | |
Сопружник | Славица Јовановска | |
Роднини | Јана Стојановска (внука) Ана Стојановска (внука) Ненад Стојановски (зет) | |
Деца | Силвија Стојановска |
Филмската кариера ја започнал со улогата во првиот македонски филм „Фросина“ во 1952 година. Ацо Јовановски има добиено многу награди: за животно дело, за улоги и еден орден за труд. Тој е единствениот македонски глумец, кој заедно со Петре Прличко, ја има добиено Наградата „Славица“.
Животопис
уредиАцо Јовановски е роден на 31 декември 1930 година во Скопје, во т.н. Циган Маало. Детството, младоста, школувањето и комплетната работа ги поминал во Скопје. Татко му бил чиновник, а мајка му домаќинка. Неговото семејство се состоело од шест браќа и сестри. Со големо залагање на неговиот татко успеал да ги одгледа сите. Како дете бил палав. Во детските години тој заедно со своите другари се криеле од родителите и оделе на плажа на Вардар. Тој многу сакал да оди на претстави но тогаш настапила Втората светска војна. Во 1941 година во периодот на војната, Бугарите основале ансамбал од познати бугарски уметници. Тоа било втор ансамбал по квалитет во Царство Бугарија.
По војната, во 1944/45 година, бил создаден Македонскиот народен театар, кој бил многу посетуван од народот како и од Ацо, бидејќи било зборувано на македонски. За тоа Ацо вели: „Одевме со големо задоволство да гледаме претстави, конечно на својот мајчин јазик“. Тогаш за првпат ги сретнал Петре Прличко, Тодор Николовски, Илија Милчин, Марија Бошкова и Илија Џувалековски.
Во 1948 година излегол конкурс за глумечка школа каде во конкуренција од околу 40-50 луѓе, бил избран Ацо Јовановски. Во овој период Јовановски го започнал своето тригодишно школување. Во последната година од глумачката школа бил ангажиран во првиот македонски филм „Фросина“. По земјотресот во 1963 година, Ацо Јовановски заминал во МНТ каде се задржал 13 години, каде станува еден од најдобрите македонски глумци. До идењето во пензија во 1995 година има одиграно околу 100 премиери во театарот и околу 40 премиери на филм.(1)
Глумечки дејности
уредиЗа првпат Ацо Јовановски се појавува во филмот „Фросина“ каде го игра главниот машки лик Климе, синот на Фросина. Во претставата „Долго патување во ноќта“, го игра Едмонд, во „Пепелашка“ го игра главниот лик Принцот, Турчинот во „Манде“, но најважната улога за Ацо е Трепљов во атесата „Галеб“ на Чехов. Оваа се само дел од глумечките дејности на Ацо Јовановски кој во својот глумечки живот има одиграно околу 100 премиери во театарот и околу 40 премиери на филм.(1)
Театар
уредиУлоги на Ацо Јовановски:
- Долго патување во ноќта - Едмонд
- Пепелашка - Принцот
- Манде - Турчинот
- Галеб - Трепљов
- Болва в'уво - Шандемис
- Дон Жаун - Дол Луј
Филмографија
уредиАцо Јовановски во својата кариера има одиграно над 60 улоги во следните филмови и серии:
Филмографија на глумецот Ацо Јовановски | |||
---|---|---|---|
Год. | Назив | Улога | |
1950-ти▲ | |||
1952 | Фросина ТВ-филм | Климе | |
1955 | Волчја ноќ ТВ-филм | / | |
1959 | Виза на злото ТВ-филм | Цветко | |
1960-ти▲ | |||
1961 | Мирно лето ТВ-филм | Крле „Снагата” | |
1962 | Крст Ракоц ТВ-филм | / | |
1965 | Денови на искушение ТВ-филм | Човек на железничката станца | |
1967 | Македонска крвава свадба ТВ-филм | / | |
1968 | Планина на гневот ТВ-филм | Владимир | |
1969 | Време без војна ТВ-филм | Иљуш | |
1969 | Сеништа ТВ филм | Освалд | |
1969 | Враќање од рајот ТВ филм | Ненад | |
1969 | Бамја ТВ филм | / | |
1970-ти▲ | |||
1970 | Цената на градот ТВ-филм | Најдо | |
1970 | Мојсие од малото место ТВ филм | / | |
1970 | Коктел за четворица ТВ филм | / | |
1971 | Жед ТВ-филм | Марко | |
1971 | Црно семе ТВ-филм | Христос | |
1971 | Македонски дел од пеколот ТВ-филм | Коста | |
1971 | Понижени и навредени ТВ филм | / | |
1972 | Настан можеби последен ТВ филм | / | |
1973 | Недела ТВ филм | / | |
1975 | Волшебното самарче ТВ серија | / | |
1975 | Јад ТВ-филм | / | |
1975 | Селска буна 1573 ТВ-филм | Татко на Петар | |
1975 | Светецот од Слатина ТВ филм | / | |
1975 | Картотека ТВ филм | / | |
1976 | Најдолгиот пат ТВ-филм | Трипун | |
1976 | Војвода Спиро Црне ТВ филм | / | |
1976 | Морава 76 ТВ мини серија | / | |
1977 | Најдолгиот пат ТВ серија | Трипун | |
1977 | Сослушувањето на железничарот ТВ филм | Трпе | |
1979 | Анно домини 1573 ТВ серија | Петров отац | |
1980-ти▲ | |||
1980 | Учителот ТВ филм | Глигор Прличев | |
1980 | Оловна бригада ТВ-филм | Сило | |
1981 | Црвениот коњ ТВ-филм | Сабрија | |
1982 | Илинден ТВ серија | Димо | |
1982 | Јагне на ражен ТВ филм | Војдан | |
1983 | Записник ТВ филм | / | |
1983 | Црвениот коњ ТВ серија | / | |
1984 | Јуначко колено ТВ серија | Јанаки Карев | |
1984 | Случки од животот ТВ-серија | ||
1985 | На наш начин ТВ серија | Киро | |
1985 | Сомнително лице ТВ филм | Алекса | |
1985 | Пријатели ТВ филм | / | |
1985 | Јазол ТВ-филм | Август Рицман | |
1986 | Обеќана земја ТВ-филм | Колонист (како Александар Јовановски) | |
1987 | Трето доба ТВ серија | / | |
1987 | Претежно ведро ТВ серија | / | |
1987 | Хај-фај ТВ-филм | Проф. по танц | |
1988 | Скопски сновиденија ТВ-филм | ||
1989 | Мугра ТВ филм | Кино-операторот | |
1989 | Еурека ТВ серија | проф. Кохињ | |
1990-ти▲ | |||
1990 | Трст виа Скопје ТВ серија | / | |
1991 | Болва в' уво ТВ-филм | Шандемис | |
1992 | Време, живот ТВ-филм | / | |
1992 | Сили во воздухот ТВ филм | Тошо | |
1993 | Македонска сага ТВ-филм | / | |
1994 | Пред дождот ТВ-филм | ||
1995 | Ангели на отпад ТВ-филм | Директорот | |
1995 | Заборавени ТВ филм | Претседателот | |
1998 | Салон Хармони ТВ серија | Илија | |
1998 | На Балканот не се пие чај ТВ филм | / | |
1999 | Време, живот ТВ-филм | ||
2000-ти▲ | |||
2000 | Глас Краток филм | / | |
2000 2001 | Погрешно време ТВ серија | Спасе | |
2006 | Стрмоглави ТВ филм | Стариот на Ико | |
2010-ти ▲ | |||
2013 | Старо купуем ТВ-филм | Дедото |
Награди
уреди- 1971 ФФАО, Ниш, награда за епизодна улога / „Црно семе“
- 1971 ФФАО, Ниш, награда за глумечко остварување / „Жед“
- 1977 Награда „11 Октомври“
- 1977 Уметник на годината, според анкетата на „Екран“
- 1986 ФФАО, Ниш, Награда „Славица“ за животно дело
Надворешни врски
уреди- http://www.vest.com.mk/default.asp?id=479&idg=1&idb=165&rubrika=%40ivot Архивирано на 20 ноември 2005 г. „Вест“ Година: 1 Број: 165 Четврток 1/25/2001”)
- Македонски информациски филмски центар Архивирано на 25 септември 2010 г.
- Ацо Јовановски на Семрежната филмска база на податоци (англиски)