Магдалена Ризова-Черних

(Пренасочено од Магдалена Ризова Черних)

Магдалена Ризова Черних (р. 28 мај 1968 во Кавадарци) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.

Магдалена Ризова Черних
Роден 28 мај 1968
Кавадарци
Националност Македонец
Познат по улогите во:
Македонски народни приказни
Погрешно време
Комшиски приказни
Обични луѓе
Глас

Животопис уреди

Во 1991 година, дипломира на Факултетот за драмски уметности во Скопје на катедрата за драмски глумци во класата на проф. Владимир Милчин. Во 1993 година се вработува во Македонски народен театар во Скопје. Од 2017 година работи во Театар Комедија. Покрај нив таа настапува и во други театри во Драмски театар - Скопје и патувачкиот Театар Колозов.

Филмографија уреди

Ризова-Черних ги остварила филмските улоги:[1]

Година Филм Улога
1991 Вистина ТВ-филм Марија
1991 Стрес или погрешна нота ТВ-филм Снаата
1992 Чудовиштата во нашиот град ТВ-серија Зевас
1993 Грев или шприцер ТВ-филм Мими
1994-1995 Бумбари ТВ-серија Келнерка
1995 Во светот на бајките ТВ-серија
1998 Салон Хармони ТВ-серија Божица
1999 Глас ТВ-филм
1999-2000 Македонски народни приказни ТВ-серија
2000-2001 Погрешно време ТВ-серија Благица
2000-2001 Светот има осум страни ТВ-серија
2000-2001 Во светот на бајките ТВ-серија
2002 Звукот на светлината ТВ-филм Марија
2002 Наше маало ТВ-серија Марија
2002 Заведени ТВ-серија
2003 Нежната прашина на заборавот ТВ-серија Нада
2005 Обични луѓе ТВ-серија Агент
2006 Мост ТВ-филм Марија
2007 Цимери ТВ-серија
2007-2010 Народни Приказни ТВ-серија
2008 Куќен совет ТВ-серија
2008-2010 Македонски народни приказни ТВ-серија
2010 Од денес за утре ТВ-серија
2015 Медена ноќ ТВ-филм
2016-2017 Комшиски приказни ТВ-серија
2024 Аманет ТВ-филм Мајката

Награди уреди

Добитник е на повеќе награди, од кои по значајни се:

  • 1991 - Награда за најдобра епизодна улога, на Филмскиот фестивал во Лугано, Швајцарија за улогата на Марија во Филмот Вистина, во режија на Стиле Поточњак
  • 1993 - Награда за најдобар млад глумец, за улогата на Мими во претставата Грев или шприцер во режија на Димитар Станковски
  • 1994 = Награда за најдобра женска улога на фестивалот во Ливерпул, Англија, за улогата на Јохана во претставата Бал во режија на Бранко Брезовац
  • 1995 - Награда за најдобра женска улога во улогата на Коробочка, во претставата Мртви души во режија на Владимир Милчин
  • 1998 - Награда за најдобра претстава и за најдобра женска улога на Балканот на Балканскиот фестивал во Софија - Бугарија за претставата Мурлин Мурло во режија на Владимир Милчин

Наводи уреди

  1. „Magdalena Rizova“. IMDb. Посетено на 5 февруари 2023.

Надворешни врски уреди