Кире Ѓоревски

македонски глумец

Кире Ѓоревски (Битола, 6 мај 1982)[1] – македонски филмски и театарски глумец.

Кире Ѓоревски
Роден 6 мај 1982
Битола
Националност Македонец
Познат по улогата во:
Сенки
Undercover
Деца на Сонцето
Занимање глумец

ЖивотописУреди

Кире Ѓоревски е роден во Битола на 6 мај 1982 година, каде го завршил основното и средното образование. Дипломирaл на Националната академија за театар и филм „Крсто Сарафов“, Софија, отсек за пантомима и комедија Дел Арте во класата на доц. д-р Александар Илиев и Александра Хонг, во 2006 година. Во 2008 година. дипломирал на НОМАД танцова академија (Академија за современ танц), а во 2012 година и на Национална академија за театар и филм „Крсто Сарафов“, отсек за глумечко мајсторство за драмски театар, во класата на проф. Маргарита Младенова и проф. Иван Добчев.

ТворештвоУреди

Кире Ѓоревски остварил бројни и забележителни театарски и филмски улоги.

Поважни театарски улоги[1]Уреди

Година Улога Претстава Автор
2004 Свињарот Свињарот и принцезата Ханс Кристијан Андерсен
2005 Инвалид Незавршен танц Жан-Пол Сартр
2005 Сергеј Ефрон-Серјожа Станица Елабуга Марина Цветаева
Волк Станица Астапово Лав Толстој
2006 Моноспектакл „Rewind or Forward“
2006 Мањифико Анима Алегра-Комедија дел Арте
2007 Моноспектакл „Rewind or Forward 2“
2008 Моноспектакл „Homocanis“
2008 Тирезиј Антигона Софокле
2009 Едгар Танцот на смртта Август Стриндберг
2009 Црниот монах Црниот монах Антон Павлович Чехов
2010 Колаж по поезија Ѓ. Господинов
2010 Учител, церемонијал мајстор и судија Леонс и Лена Георг Бјухнер
2011 Свидригајлов Злосторство и казна Фјодор Михајлович Достоевски
2012 Анданте 2012 Људмила Петрушевска
2012 Перо Црна дупка Горан Стефановски
2012 Глумец Луцијан Хамлет Вилијам Шекспир
2013 Ромео Ромео и Јулија Вилијам Шекспир
2014 Свето, Ѓоре Лудиот, Мане Буре барут Дејан Дуковски
2015 Полицаец Тероризам Олег и Владимир Прешњаков
2015 Војник, Писател, Санитарец Мајсторот и Маргарита Михаил Булгаков
2016 Полицаец Тартиф Жан Батист Поклен Молиер
2016 Олег Животот е прекрасен Николај Ердман
2016 Пијаницата, Клајк Силјан штркот шанца Дејан Дуковски
2017 Сем Кармајкл Мама миа по приказната на Џуди Крејмер
2018 Димитар Општи Набљудувачите Константин Илиев

Филмографија[1]Уреди

Година Филм Улога
2006 Превртена елка Студент на Сократ
2006 Боли ли Кире
2007 Зошто го направив мојот грев Патникот
2007 Сенки Мики
2009 Глуварче /
2010 Последниот воз Томи
2011 Мизантропија Непознатиот
2011 Undecover Филип
2012 Трето полувреме Бугарски офицер
2013 Dreamland Давид
2013 Дрвото на животот Српски капетан
2014 Деца на сонцето Марко
2015 Жената на мојот живот Студент
2016 May be it's the proper thing to do Антон
2016 Дома Мартин
2017 На терапија Пријателот на Владо
2018 Сонот на крвта и душата Млад човек
2019 Патот на честа Тарик
2019 Врба Никола

КореографијаУреди

Година Претстава Театар или Фестивал
2007 Напред или назад IX Интернационален фестивал на монодрама - Битола,кореографија, режија и идејна поставка 2007[2].
2007 Ромео и Јулија Турски театар Скопје, кореографија[3]
2007 ИМАГО Фестивал „Варненско лето“, Варна, Бугарија, колективна кореографија[4]
2012 Балканска Драмски театар Ловеч, Бугарија, кореографија[5]
2015 Лазарица Родопски драмски театар „Николај Хајтов“, Смолен, Бугарија, кореографија[6]
2017 Тигарот Театарска работилница „Сфумато“, Софија, Бугарија, кореографија[7]

НаводиУреди

Надворешни врскиУреди