Бранко Ѓорчев
Бранко Ѓорчев (Неготино, 23 јуни 1962 – Скопје, 24 февруари 2013) — македонски театарски и филмски глумец. Бил директор на Драмски театар - Скопје во периодот од 2006 до 2013 година.
Бранко Ѓорчев | ||
![]() | ||
Роден | 23 јуни 1962 Неготино, ![]() | |
---|---|---|
Починал | 24 февруари 2013 Скопје, ![]() | (возр. 50)|
Националност | Македонец | |
Познат | по улогата во: Македонија може Погрешно време Каца Трст виа Скопје Од денес за утре Досие-К | |
Занимање | глумец | |
Татко | Ацо Ѓорчев |
Животопис уреди
Ѓорчев е роден на 23 јуни 1962 година во Неготино. Дипломирал во 1986 година на Факултет за драмски уметности на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, во класата на Проф. Вукан Диневски. Од 1987 година работи како глумец во Драмски театар Скопје. Починал по тешка борба со ракот на 24 февруари 2013 во Скопје.[1] Смрттта го затекнала како актуелен директор на Драмски театар Скопје.
Општествени функции уреди
- Директор на Драмски театар од 2006,
- 2000 – 2002, Уметнички директор на Драмски театар, Скопје, Р Македонија
- 2000 до 2002, Основач на Културен центар Квартет, Скопје,
- 1997, Основач и директор на театар Бабилон, Скопје
- 1997, Член на Советот на Македонскиот театарски фестивал ” Војдан Чернодрински”- Прилеп,
- Член на Совет на Млад Отворен Театар, Скопје,
- Член на уметнички совет на Драмски театар, Скопје, Р Македонија,
- Член на театарски совет на Драмски театар Скопје, Р Македонија,
- Почесен член на клубот на оратори при Правен факултет ”Јустинијан Втори” при Универзитетот “Кирил и Методиј”, Скопје , Р Македонија.
- Демонстратор и предавач на Правен факултет по реторика и ораторство во рамките на предметот Римско право, кај професор Мими Поленак, Правен факултет “Јустинијан Втори”, Универзитет ” Кирил и Методиј”, Скопје Професор по Сценски говор, Реторика и Ораторство на ЕСРА Филмска Академија Скопје.
- Предстедател и член на комисиј аза образование и култура при оптшина Аеродром – Скопје
Творештво уреди
- 2000: Писмо (глумец)
- 2002: Подгревање на вчерашниот ручек (главна улога)
- 2005: Остани исправен (споредна улога)
Филмографија уреди
Филмографија на глумецот Бранко Ѓорчев | |||
---|---|---|---|
Год. | Назив | Улога | |
1980.-те | |||
1984-1987. | Случки од животот ТВ-серија | Илчо | |
1987. | Трст виа Скопје ТВ-серија | / | |
1987. | Ѕвездите на 42-та ТВ-филм | Огнен | |
1987. | Пикасо ТВ-филм | Газдата | |
1988. | Марика лета со авион ТВ-филм | ||
1988. | Тврдокорни ТВ-серија | ||
1989. | Мугра ТВ-филм | ||
1989-1993. | Еурека ТВ-серија | ||
1990.-те | |||
1991. | Македонија може ТВ-филм | / | |
1993. | Бог да ги убие шпионите ТВ-филм | Новинарот | |
1995. | Во светот на бајките ТВ-серија | / | |
1998. | Салон Хармони ТВ-серија | Синиша | |
1998. | Денес, утре ТВ-филм | Боро | |
1999. | Каца ТВ-филм | Ване | |
2000.-те | |||
2000. | Мајка Тереза ТВ-филм | ||
2000, | Писмо ТВ-филм | ||
2000-2001. | Погрешно време ТВ-серија | Страчковски | |
2000-2001. | Светот има осум страни ТВ-серија | / | |
2002. | Вампирџија ТВ-филм | Ангеле | |
2002. | Заведени ТВ-серија | Тони | |
2002. | Подгревање на вчерашниот ручек ТВ-филм | ||
2003. | Време за плачење ТВ-филм | Петар | |
2003. | Волци ТВ-филм | ||
2003. | Остани исправен ТВ-филм | ||
2006. | Американецот ТВ-филм | ||
2007. | Стапица ТВ-филм | Петре | |
2007. | Досие-К ТВ-филм | Мирко Коваќ | |
2010.-те | |||
2010. | Од денес за утре ТВ-серија | Џон | |
2010. | 1001 ден ТВ-филм | ||
2010. | Пилот ТВ-филм | ||
2014. | До балчак ТВ-филм | Втор трговец |
Награди уреди
- „Златна маска“ за најдобро глумечко остварување на фестивалот „Охридско лето“ за улогата на Мефисто во претставата `Мефисто`, Вечер, 2000;
- Наградата за најдобар глумец за 1990 во Македонија, за улогата на Фред во претставата `Спасени`, ревија `Екран` 1990.
- Награда за епизодна машка улога "Димче Трајковски" 2009
- „Св.Климент Охридски“ за 2012 година за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, спортот, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Македонија.
Наводи уреди
- ↑ „Почина глумецот Бранко Ѓорчев“. Курир. 24 февруари 2013. Архивирано од изворникот на 2013-02-26. Посетено на 2013-02-24.
Надворешни врски уреди
- Бранко Ѓорчев на Семрежната филмска база на податоци (англиски)