Димитрие Османли
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Димитрие Рули Османли (Битола, 29 мај 1927 - Скопје, 13 март 2006) — првиот македонски дипломиран филмски и театарски режисер, прв македонски автор на игран филм („Мирно лето“), автор на првата ТВ-драма снимена во скопското ТВ студио(„Домот на мојот татко“, 1967) и на првиот македонски ТВ филм („Враќање во рајот“, 1969), снимени во студиото на ТВ Скопје и автор на поголем број радио-драмски режии. Единствен е македонски мултимедијален режисер со така широк и континуирано реализиран творечи опфат.
Димитрие Османли | ||
![]() | ||
Роден | 29 мај 1927 Битола, денешна ![]() | |
---|---|---|
Починал | 13 март 2006 Скопје | |
Националност | македонски Влав | |
Познат | по режијата на: Мирно лето Мементо Ангели на отпад | |
Занимање | режисер | |
Сопружник | Екатерина Османли,род. Ламнид (Солун, 1928-1992, Скопје) | |
Татко | Дијаманди Ѓорѓи Османли (Битола, 1883-1944, Битола) | |
Мајка | Евридики Османли, род. Шмина (Битола, 1886-1951, Битола) | |
Деца | Томислав Османли (1956) |
Животопис Уреди
Димитрие Османли станува член на глумечкиот состав на Народниот театар во Битола, примен на аудиција со повеќемина млади ентусијасти, неколку денови по ослободувањето на градот во ноември 1945 година и земал учество во првата национална театарска дејност на оваа сцена. Со административно насочување запишал и завршил три години Градежен факултет во Белград, а по успешно поминатиот приемен испит на југословенскиот конкурс, запишал студии по филмска режија на Високата филмска школа во Белград во 1948. Оваа високошколска установа две години подоцна, се фузионирала во новоформирната Академија за театарска уметност во Белград, кадешто освен филмска, следел и настава по театарска режија. Дипломирал со одличен успех, воедно филмска и театарска режија со поставувањето на претставата „Ѓаволштините на Скапен“ од Молиер, инаку првата македонска дипломска претстава воопшто, премиерно изведена на 12 март 1952 година. Работел како уметнички раководител и режисер во Народниот театар Битола (1953-1954). Преминал на редовна работа во Скопје, каде во статус на слободен филмски работник (1954-1965) работел повеќе филмски и театарски режии. Специјализирал филмска режија на Институтот за високи филмски студии (IDHEC) во Париз 1948 година. Се вработил како раководител на уметничката реализација и режисер во Радиотелевизија Скопје (1965-1969). Уредник е на Забавната програма и режисер во Радио-телевизија Скопје (1969-1972).
Димитрие Османли бил избран за продекан од страна на Одделот за драмска уметност при Факултетот за музичка уметност, потоа и за прв декан на осамостоениот Факултет за драмски уметности во Скопје.
Покрај среднометражниот („Бунт на куклите“, 1957) и четирите долгометражни играни филмови, Османли режирал 16 ТВ драми, 5 ТВ филмови и 2 телевизиски серии, пред сѐ продукции на македонското, но и на белградското телевизиско студио. Реализирал и серија од едночасовни музичко-забавни ТВ емисии под наслов „Млади за млади“; Пет новогодишни едночасовни музичко-забавни ТВ емисии; музичките продукции „101-от километар“ и „Веселата дружина“.
Автор е на поголем број сценарија за свои творби од сите жанрови.
Режирал повеќе од 60 театарски претстави на дела од различни автори, жанрови, епохи и театарски средини. Автор е на првите петстави од Молиер, Крлежа, Лопе де Вега... реализирани на македонски јазик. Претставите „Вејка на ветрот“ во биолскиот НТ и „Ана Франк“ во Македонскиот народен театар во Скопје, внесуваат нов режиски јазик на македонската театарска сцена. Претставите „Фармерки“ и „Двајца на нишалка“ носат модерен израз и теми и на сцената на Дамскиот театар. Во таа сценска куќа ги режирал едни од најдолговечните и најпопуларни театарски претстави, комедиите „Свадба“ од В. Илјоски и „Болва в уво“ на Фејдо создавајќи парадигма во водвиљскиот стил на нашите сцени. Неговата претстава „Без крилја“ од Вуди Ален режирана во театарот од Воден (Едеса, Грција) во 1982 година ја добила првата награда на Грчкиот национален фестивал на алтернативни театри во Коринт, Грција.
На 11 март 2003 година се одржала премиерата на неговата театарска режија на претставата „Спилиони“ во битолскиот Народен театар, а кон крајот на 2005 и неговата последна театарска режија, Аристофановите „Жени во народното собрание“ на сцената на МНТ. На репертоарот на Македонскиот национален театар, веќе 15 сезони, со 200 изведби, сè уште се игра неговата постановка на „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ како жива театарска трага од неговото богато сценско присуство.
Неговото видување на „Народен пратеник“ од Б. Нушиќ, поставена на сцената на Македонскиот народен театар во стил на филмска слепстик-комедија, со своите 200 претстави го надживеа и режисерот.
Награди Уреди
- Прва награда за режија на Фестивалот за документарен филм, за филмот Дванаесетте од Папрадник (Белград, 1965);
- Орден за заслуги за народ со сребрена ѕвезда (1966);
- Награда на град Скопје 13 Ноември за режија на филмот Мементо (1968);
- Орден на трудот со златен венец за филмска и театарска творечка дејност (1979);
- Награда 11 Октомври за животно дело (1985);
- Признание Крупен план од Институтот за филм во Белград (1987);
- Награда за режија на ТВ филмот Скопски сновиденија на Фестивалот на југословенското телевизиско творештвото во Неум (1988);
- Голема златна плакета на Филмскиот фестивал Браќа Манаки за афирмација на Фестивалот (Битола, 1990);
- Награда за животно дело на Македонскиот театарски фестивал Војдан Чернодрински (Прилеп, 1999)[1].
Наводи Уреди
- ↑ „Институт за театрологија“. Архивирано од изворникот на 2016-03-08. Посетено на 2012-09-16. На
|first=
му недостасува|last=
(help)
Надворешни врски Уреди
- Димитрие Османли на Семрежната филмска база на податоци (англиски)