20 септември

датум

Предлошка:Септември 2024

20 септември — 263-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (264-и во престапна година). Остануваат 102 денови до крајот на годината.

Настани:

331 п.н.е.  На реката Тигар, во Месопотамија, војската на Александар Македонски се судрил со главнината на персиската војска на царот Дариј III. Персијците имале околу милион војници, а Александар Македонски помалку од 50.000. Овој судир во историјата е познат како „Битка кај Гавгамела“.
1519  Португалскиот морепловец Фернандо Магелан во служба на шпанскиот крал Карло V, од Сан Лукар во Шпанија со својата експедиција од пет бродови тргнал на пат околу светот со цел да го открие западниот пат за Индија и во освојување на колонии за шпанската династија. Во 1520 година ги испитал југоисточните брегови на Јужна Америка и го открил според него наречениот Магеланов Проток и преку него поминал во океанот кој го нарекол Тихи (Пацифик). Загинал на Филипинските Острови во борба против домородците, на 27 април 1521 година. Другиот дел од експедицијата се вратил во Шпанија. Така било докажано дека Земјата е тркалезна и дека новиите краишта што ги открил Колумбо не се дел од Индија, туку посебен континент.
1950  Централната народна влада го усвојува грбот на НР Кина.
1963  Американскиот претседател Џон Кенеди на заседанието на Генералното собрание на ООН предложил заедничка советско-американска експедиција на месечината.

Родени:

1377  Албрехт IV — војвода од Австрија.
1859  Никола Начов — бугарски писател.
1878  Аптон Синклер — северноамерикански писател и публицист.
1917  Обдулио Варела — уругвајски фудбалер.
1920  Сергеј Бондарчук — советски сценарист, режисер и глумец.
1921  Чико Хамилтон — американски џез-музичар.
1934  Софија Лорен — италијанска глумица.
1940  Таро Асо — јапонски политичар.
1955  Тодор Чепреганов — македонски историчар.
1956  Стив Колмен — американски џез-музичар.
1957  Владимир Ткаченко — украинско-руски и советски кошаркар.
1960  Алис Браун — американска атлетичарка.
1969  Ричард Вичге — холандски фудбалер.
1975  Хуан Пабло Монтоја — колумбиски автомобилист.
1980  Густав Ларсон — швајцарски велосипедист.
1980  Игор Вори — хрватски ракометар.
1989  Алфредо Балони — италијански велосипедист.
1993  Јулијан Дракслер — германски фудбалер.
1995  Роб Холдинг — англиски фудбалер.

Починале:

1736  Ахмед IIIосманлиски султан.
1863  Теодор Фонтане — германски писател.
1898  Јакоб Грим — германски филолог и фолклорист, собирач на народни умотворби.
1930  Гомбоџаб Цибиков — руски истражувач.
1961  Анджеј Мунк — полски режисер.
1983  Анхел Лабруна — аргентински фудбалер.
1998  Јордан Леов — македонски писател.
1994  Цеко Стефанов — македонски поет.
2000  Герман Титов — советски космонаут.
2006  Свен Никвист — шведски кинематограф.