Бранко Ставрев
Бранко Ставрев (р. 1 февруари 1939 во Струмица) — македонски режисер, сценограф и директор на драмата на Македонски народен театар.
Бранко Ставрев | ||
Роден | 1 февруари 1939 Струмица, Вардарска Бановина, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Народност | Македонец | |
Занимање | режисер, глумец |
Животопис
уредиСтаврев ги завршил студиите на групата за македонски јазик со југословенска книжевност на Филозовскиот факултет во Скопје. Во Македонски народен театар - Скопје е од 1965 година, а пред тоа работел во Струмичкиот театар, како глумец и режисер (1965-1966).
Од позначајните режисерски проекти се: "Обиди се во надеж" (1961), "Матуранти" (1964), "Видел" (1968), "Бања" (1968), "Трамвајот наречен желба (1969), "Парите се отепувачка" (1970), "Жовотот на Галилеј" (1972), "Смртта на Терлекин" (1973), "Векутума века или житие Адамово" (1974), "Студенти" (1977), "Женидба" (1978), "Кенгурски скок" (1979), "Злосторство и казна" (1980), "Молскавици" (1980), "Дамоклов меч" (1983), "Иванов" (1984), "Ревизор" (1975), "Големиот брилјантен валцер" (1986), "Големиот скок" (1986), "Мајсторот" (1986), "Сурари" (1987), "Антица" (1988), "Пуста земја" (1989), "Галеб" (1990), "Жорж Данден" (1992), "Мортолозот" (1992), "Бунт во домот за старци" (1994), "Пат за Лихнидос" (1994), "Печалбари" (1996), "Пиликатник" (1997), "Отепувачка" (1997), "Идиот" (1998), "Писание" (2002), "Болва в' уво" (2007), „Царот Владислав" (2018).
Тој ги режирал следниве филмови: Човекот во црно, Бели памук - црвено предиво и Милион маченици.
Награди
уредиТој е добитник на следните награди:
- Награда за најдобра режија на МТФ "Војдан Чернодрински" за претставата "Смеа низ сокаците" (1969).
- Награда за најдобра режија на МТФ "Војдан Чернодрински" за претставата "Транвај наречен желба" (1970).
- Награда на Град Скопје "13 ноември" за претставата "Зајдисонце" (1971).
- Награда за најдобра режија на МТФ "Војдан Чернодрински за претставата "Тутунски пат" (1972).
- Награда за фестивачот Мали и експериментални сцени (МЕСС) за претставата "Злосторство и казна" (Сараево, 1972).
- Награда на фестивалот "Стеријино позорје" за драматизација на романот "Ѕидот и водата" (Нови Сад, 1974).
- Награда за фестовалот "Војдан Чернодрински" за претставата "Злосторство и казна" (Прилеп, 1981).
- Награда 11 октомври за претставата "Големиот брилијантен валцер" (1986).
- Награда за најдобра режија на МТФ "Војдан Чернодрински" за претставата "Сенката" (Прилеп, 1988).
- Награда за животно дело "Војдан Чернодрински" (2006).
Надворешни врски
уреди- Бранко Ставрев на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Биографија на Бранко Ставрев, МТФ Војдан Чернодрински.