Весна Петрушевска

македонска глумица

Весна Петрушевска, позната и под нејзиниот прекар „Бејби“ — македонска ток-шоу водителка и глумица која е најпозната по нејзиното ток-шоу „Вртелешка“ кое достигна голема популарност и се емитувало повеќе години на македонска телевизија.[1]

Весна Петрушевска
Весна Петрушевска.jpg
Националност Македонка
Познат по улогата во:
Салон Хармони
Погрешно време
Занимање глумец

ЖивотописУреди

Петрушевска ја започнала својата глумечка кариера на 14 години, кога го имала првиот настап во македонскиот театар. На 16 години веќе го имала своето прво ток-шоу на МРТВ кое се викало „Пулсирање“. Подоцна го започнала својот најуспешен ТВ-проект, ток-шоуто „Вртелешка“, коe се емитувало неколку години, а потоа следувало и краткотрајното ток-шоу „Вечер со Весна“.[1] Таа исто така глумела во неколку претстави во различни македонски театри, меѓy која е и „Брачна игра“ заедно со Игор Џамбазов, која ја имаше својата премиера на 27 март 2016 година, во Македонскиот народен Театар.[2] Таа гостyвала на ток-шоуто „Еден на Еден“ на Жарко Димитриоски на 19 март 2016 година.[3][4]

ФилмографијаУреди

Година Филм Улога
1993. Крик на немиот индијанец ТВ-филм
1995. Ангели на отпад ТВ-филм Оли
1998. Салон Хармони ТВ-серија Мимоза
1998. Денес, утре ТВ-филм Сања
2000-2001. Погрешно време ТВ-серија Сиси
2002. Наше маало ТВ-серија Мира
2005. Контакт ТВ-филм Вики
2010. Од денес за утре ТВ-серија
2014. До балчак ТВ-филм Дама 2
2018. Преспав ТВ-серија
2019-2022. Дајте музика ТВ-серија Професорка
2022. Тале и Корона ТВ-филм Самовилата Корона

Глумечка кариераУреди

Петрушевска глумела во голем број македонски театарски претстави меѓy кои се: „Кој се пла­ши од Вир­џи­ни­ја Вулф?“, „Ва­ги­нал­ни мо­но­ло­зи“ и нејзината најпозната претстава: „Гос­по­ѓа Ми­ни­стер­ка“, која е изведена над 150 пати.[5][6][7] Исто така, глумела во филмот Контакт, македонскиот кандидат за најдобар странски-филм на Оскарите во 2007 година.[8][9]

Писателска кариераУреди

Во ноември 2016 година била издадена првата книга на Весна Петрушевска, автобиографската книга „Трофеј“, од страна на издавачкиот центар „Три“. Промоцијата на книгата била одржана на 9 ноември 2016 во хотелот „Парк резиденс“ во Скопје.

Издавачкиот центар Три ја опишал книгата како: „неверојатно искрена и трогателна исповед преку која Весна ќе ја запознаеме во различни аспекти на нејзината личност од минатото и сегашноста: како машкуданесто девојче, како глумица по вокација, која никогаш нема да се пензионира, ТВ-водителка, стендап-комичарка, ќерка и сестра, дваесет и четиричасовна мајка и пријателка, домаќинка... Но, пред сè, како човек со големо срце“.[10]

Личен животУреди

Таа има две деца. Син Кирил, и ќерка, Мина. Таа исто така има 4 миленичиња.

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 http://fashionel.mk/intervju/intervju-vesna-petrushevska-zhivotot-e-iskluchitelno-kratok-za-da-se-zanimavame-so
  2. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2016-04-14. Посетено на 2017-04-03.
  3. http://edennaeden.mk/vesna-bejbi-ni-doaga-vo-eden-na-eden/
  4. https://www.youtube.com/watch?time_continue=109&v=dn8I01kqhtw
  5. http://republika.mk/?p=151490
  6. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2014-07-29. Посетено на 2017-04-03.
  7. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2017-03-12. Посетено на 2017-04-06.
  8. http://www.imdb.com/name/nm1371711/?ref_=tt_cl_t4
  9. http://macedoniadaily.blogspot.it/2006/10/contact-in-palm-springs.html
  10. http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=&id=5c3944ba-61db-41be-8b7f-1bfee30ab962[мртва врска]

Надворешни врскиУреди