9 декември
датум
Предлошка:Декември 2025 9 декември — 343-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (344-и во престапна година). Остануваат 22 денови до крајот на годината.
Настани:
1824 | Легендарниот латиноамерикански водач Симон Боливар ја поразил шпанската војска во историската Битка кај Ајакучо, Перу. |
1905 | Во Франција со указ е извршено одвојувањето на државата и црквата. |
1940 | Втора светска војна: Во Северна Африка почна офанзивата на VIII Британска армија против германските окупациони трупи. |
1961 | Тангањика, поранешната британска колонија, стана независна држава во рамките на Комонвелтот, а од 09.12.1962 година стана Република. Две години подоцна, на 26 април 1964 година со обединувањето на Тангањика и на Занзибар настана Обединета Република Танзанија. |
1997 | Во Брисел, генералните директори на царинските служби на Белгија и Македонија, Илија Илоски и Ван Валегем, парафираа Спогодба за царинска соработка. |
Родени:
1594 | Густав II Адолф — крал на Шведска. |
1608 | Џон Милтон — англиски поет. |
1881 | Воин Поповиќ-Вук — војвода на Српскиот комитет на четничката акција. |
1842 | Петар Кропоткин — руски мислител, теоретичар на анархизмот. |
1895 | Долорес Ибарури - Ла Пасионарија — шпанска револуционерка, учесничка во шпанската граѓанска војна. |
1910 | Артуро Руис Кастиљо — шпански режисер. |
1916 | Кирк Даглас — американски глумец, режисер и продуцент. |
1951 | Драган Пантелиќ — југословенски и српски фудбалер. |
1953 | Џон Малкович — американски глумец и режисер. |
1962 | Фелисити Хафман — американска глумица. |
1968 | Јоан Лупеску — романски фудбалер. |
1969 | Биксант Лизаразу — баскиско-француски фудбалер. |
1980 | Рајдер Хесједал — канадски велосипедист. |
1986 | Матијас Франк — швајцарски велосипедист. |
1988 | Квадво Асамоа — гански фудбалер. |
Починале:
1565 | Пиј IV — римски папа. |
1669 | Климент IX — римски папа. |
1910 | Лаза Костиќ — српски писател и преведувач, родоначалник на српската авангардна лирика. |
1916 | Нацуме Сосеки — јапонски писател. |
1943 | Никола Парапунов — македонски револуционер. |
1944 | Андреј — грчки принц. |
1977 | Кларис Лиспектор — бразилска писателка. |
1993 | Дани Бланчфлауер — северноирски фудбалер, тренер и новинар. |
1998 | Арчи Мур — американски боксер. |
2008 | Дражен Јерковиќ — хрватски и југословенски фудбалер. |
2019 | Мари Фредриксон — шведска поп-пејачка, членка на групата Роксет (Roxette). |
2020 | Паоло Роси —италијански фудбалер. |