<< декември >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05 06 07
08 09 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31
2024

19 декември — 353-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (354-и во престапна година). Остануваат 12 денови до крајот на годината.

Настани:

1940  Како врховен командант на Вермахтот, Адолф Хитлер ја потпиша Директивата бр. 1, за напад на Советскиот Сојуз, позната во историјата на како „План Барбароса“.
1942  Во манастирот „Св. Никола“ во с. Прилепец, прилепско, во борба против бугарската окупаторска војска и полиција, откако беа предадени, загинаа деветмина борци на партизанскиот одред „Ѓорче Петров“. Борбата на Прилепец, претставува легенда за херојството на македонските партизани во борбата за слобода.
1991  На патот Скопје - Белград загина Јордан Мијалков, првиот министер за внатрешни работи во независна Македонија.
1997  Во Индонезија се урна авион „Боинг 737“ на сингапурската авиокомпанија „Силк ер“, кој летал од Сингапур за Џакарта. Во несреќата загинаа 104 лица.

Родени:

1849  Филип V — крал на Шпанија.
1910  Жан Жене — француски писател.
1915  Едит Пјаф — француска пејачка.
1920  Лазар Мојсов — македонски и југословенски политичар.
1921  Блаже Конески — македонски академик, писател, поет и научник.
1941  Морис Вајт — американски музичар.
1944  Алвин Ли — англиски рок-музичар.
1957  Кевин Мекхејл — американски кошаркар.
1958  Веселин Вуковиќ — српски и југословенски ракометар и тренер.
1963  Тил Швајгер — германски глумец.
1964  Арвидас Сабонис - литвански и советски кошаркар.
1966  Алберто Томба — италијански скијач.
1973  Врбица Стефанов - македонски кошаркар.
1985  Гери Кејхил — англиски фудбалер.
1987  Карим Бензема — француски фудбалер.
1988  Алексис Санчес — чилеански фудбалер.
1988  Никлас Ландин Јакобсен — дански ракометен голман.
1996  Франк Кесие— фудбалер од Брегот на слоновата коска.
1997  Фикајо Томори — англиски фудбалер.
1997  Габриел — бразилски фудбалер.

Починале:

1370  Урбан Vримски папа.
1848  Емили Бронте — англиска писателка.
1907  Димитар Поп-Георгиев Беровски — македонски револуционер.
1951  Андре Жид — француски романописец, есеист и критичар.
1991  Јордан Мијалков — прв министер за внатрешни работи на независна Република Македонија.
1996  Марчело Мастројани — италијански глумец.
2002  Александар Сариевски — македонски народен пејач и композитор.
2006  Гоце Николовски — македонски пејач на народна музика.
2013  Ружица Сокиќ — српска и југословенска глумица.
2021  Горан Собин — хрватски и југословенски кошаркар.

Празници:

Св. Николаправославен празник.