30 јули
датум
<< | јули | >> | ||||
---|---|---|---|---|---|---|
П | В | С | Ч | П | С | Н |
1 | ||||||
2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
30 | 31 |
30 јули — 211-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (212-и во престапна година). Остануваат 154 денови до крајот на годината.

Хенри Форд (30 јули 1863–7 април 1947), основач на компанијата Форд Мотор, татко на модерната лента за склопување која се користи за масовно производство.
Настани:
1619 | Во Џемстаун, во Вирџинија, САД, се одржа првото колонијално претставничко Собрание. Овој град е прво населено место во Новиот Свет каде првите англиски доселеници пристигнаа во 1607 година. |
1971 | Астронаутите на „Аполо 15“, Дејвид Скот и Џејмс Ирвин се спуштија на Месечината. |
1974 | Турција, Грција и Велика Британија потпишаа спогодба за прекин на огнот на Кипар. |
1975 | Во Хелсинки почна Конференцијата за европска безбедност и соработка (КЕБС), на која присуствуваа државници од 35 земји. Целта на Конференцијата беше да се осигура мирот во Европа. |
1980 | Вануату прогласува независност. |
Родени:
1511 | Џорџо Вазари — италијански сликар и архитект. |
1818 | Емили Бронте — англиска писателка. |
1863 | Хенри Форд — производител и конструктор на автомобили. |
1898 | Хенри Мур — британски вајар. |
1939 | Питер Богданович — американски филмски режисер. |
1941 | Пол Анка — канадски пејач и глумец. |
1947 | Арнолд Шварценегер — американски глумец и политичар. |
1948 | Миливоје Каракашевиќ — српски и југословенски пингпонгар. |
1950 | Габриеле Салваторес — италијански режисер и сценограф. |
1958 | Кејт Буш — англиска поп-музичарка. |
1959 | Петра Фелке — германска атлетичарка. |
1964 | Јирген Клинсман — германски фудбалер. |
1970 | Кристофер Нолан — британско-американски филмски режисер. |
1982 | Ивон Страховски — австалиска глумица. |
1983 | Тимур Дибиров — руски ракометар. |
1991 | Патрик Тишлер — унгарски фудбалер. |
1993 | Андре Гомеш — португалски фудбалер. |
1993 | Филип Пајовиќ — српски голман. |
1995 | Ирвинг Лозано — мексикански фудбалер. |
Починале:
579 | Бенедикт I — римски папа. |
1674 | Карел Шкрета — чешки барокен сликар. |
1771 | Томас Греј — англиски поет. |
1898 | Ото фон Бизмарк — пруски државник и обединител на Германија. |
1912 | Муцухито — цар на Јапонија. |
1965 | Џуничиро Танизаки — јапонски писател. |
1974 | Лав Книпер — руски композитор. |
1996 | Клодет Колбер — ѕвезда на Холивудските комедии. |
2007 | Ингмар Бергман — шведски филмски и театарски режисер и сценарист. |
2005 | Лаки Томпсон — американски џез-музичар. |
2007 | Микеланџело Антониони — италијански режисер. |
2015 | Лин Андерсон — американска кантри-пејачка. |