<< април >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05 06
07 08 09 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30
2024

10 април — 100-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (101-и во престапна година). Остануваат 265 денови до крајот на годината.

Настани:

1915  Патувајќи од Мелник за Неврокоп, во близина на Роженскиот манастир, Јане Сандански бил убиен од врховистички наемници.
1948  Започна изградбата на ХС „Маврово“.
1953  Шведскиот дипломат Даг Хамаршелд, е избран за втор по ред генерален секретар на Организација на обединетите нации. Роден е во 1905 година, а загинал во авионска несреќа во Катанга, во 1961 година.

Родени:

1778  Вилијам Хезлит — англиски писател и критичар.
1847  Џозеф Пулицер — американски новинар.
1886  Џони Хајес — американски атлетичар.
1869  Георги Баласчев — бугарски историчар.
1877  Алфред Кубин — австриски цртач, илустратор и писател.
1910  Хеленио Херера — аргентински фудбалер и тренер.
1916  Борис Лозановски — македонски поет и романописец.
1922  Весна Парун — хрватска поетеса.
1928  Анатоли Дамјановски — македонски педагог и професор на Филозофскиот факултет во Скопје.
1929  Макс фон Сидоу — шведски глумец.
1934  Михо Атанасовски — македонски поет.
1937  Бела Ахмадулина — руска и советска поетеса.
1946  Шефкет Муслиу — поранешен член на ОНА.
1948  Јован Јосифовски — македонски правник.
1952  Стивен Сигал — американски глумец, продуцент и музичар.
1955  Цвијетин Благојевиќ — босански фудбалер.
1959  Брајан Сецер — американски рок-музичар, член на групата „Стреј кетс
1960  Силјан Аврамовскиминистер за внатрешни работи на Македонија.
1962  Лилјана Мугоша — југословенска ракометарка.
1973  Роберто Карлос де Силва, бразилски фудбалер.
1974  Гоце Седловски — македонски фудбалер.
1983  Боби Диксон — американско-турски кошаркар.
1984  Менди Мур — американска пејачка и глумица.
1986  Венсан Компани — белгиски фудбалер.
1986  Фернандо Гаго — аргентински фудбалер.
1992  Садио Мане — сенегалски фудбалер.
1996  Андреас Кристенсен — дански фудбалер.
2004  Савињо — бразилски фудбалер.

Починале:

1585  Григориј XIIIримски папа.
1813  Жозеф Луј Лагранж — италијански математичар.
1867  Александар Дмитриевич Петров — руски шахист и теоретичар на шахот.
1904  Изабела II — кралица на Шпанија.
1915  Јане Сандански — македонски револуционер, војвода и еден од раководителите на ТМОРО.
1919  Емилијано Запата — мексикански револуционер.
1931  Халил Џибран — либански поет.
1964  Лазар Личеноски — македонски сликар.
1979  Нино Рота — италијански композитор.
2010  Лех Качињскипретседател на Полска.