Васе Манчев
Васе Манчев — македонски раскажувач, романописец, поет, драмски писател и преведувач.
Животопис
уредиМанчев е роден на 20 февруари 1949 година во с. Робово, Струмичко. Завршил Филолошки факултет во Белград, а подоцна станал доктор по филолошки науки. Бил уредник на списанието „Разгледи“, а работел и во Радио Телевизија Скопје. Исто така, бил пратеник во Собранието на Република Македонија. Член е на Македонскиот ПЕН центар, а во Друштвото на писателите на Македонија членува од 1980 година. Од 1987 до 1993 година бил директор на Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.[1] [2]
Творештво
уредиМанчев е автор на книгите: Суша и душа (раскази, 1977), Подгорен корен (раскази, 1979), Клето лето (раскази, 1983), Јадигар (драма, 1984), Кршалнига (драма, 1984), Бледица (драма, 1985), Чинки (раскази, 1987), Подигравки (драми, 1988), Инакво лице (роман, 1988), Тажни свечености (избор раскази, 1988), Насушна сушност (раскази, 1989), Залудни раскази (1993), Големи богови, мали богови и привиденија (поема, 1994), Свирепа вечност (поезија, 1995), Измислена душа (раскази, 1996), Амин (роман, 1998), Сиреч (раскази, 1998), Волшебно време (раскази, 2000).
Добитник е на наградите: „Рациново признание“ и „Стале Попов“.[3]
Наводи
уреди- ↑ НУБСК - Историја
- ↑ Георги Сталев (приредувач), Современи македонски раскажувачи, избор. Скопје: Детска радост, Култура, Македонска книга, Мисла и Наша книга, 1990, стр. 184.
- ↑ Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 151.
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |