Петар Темелковски

Петар Темелковски (25 ноември 1946 во Богомила) - македонски театарски и филмски глумец. Дипломирал на „Националната академија за театарска и филмска уметност“ во Софија и веднаш се вработил во Македонскиот народен театар „МНТ“. Во 1975 година се вработил во Драмскиот театар - Скопје како првенец на театарот и од тогаш остварува повеќе од 70 главни и централни улоги во театрите во Скопје, Софија, Куманово, Прилеп, Велес, Струмица... на филм и ТВ. Со своите театарски остварувања, Темелковски имал бројни гостувања во Австралија, Канада, САД, и Европа.

Петре Темелковски
Роден(а)25 ноември 1946(1946-11-25)(78 г.)
Богомила, Македонија Македонија
НационалностМакедонец
Занимањеглумец
Активен период1971 - денес
Познат(а) попо улогите во:
Најдолгиот пат
Тајната книга
Вампирџија
Македонска сага
Диво месо

Меѓу театролозите и критичарите Темелковски е окарактеризиран како глумец со високо издиференцирана култура на говорот, односно мајстор на говорот кој умее беспрекорно да ја искаже и да ја обмисли а потоа и емоционално да ја „тонира“ секоја текстуална партитура, вклучително и најсложената.[1] Во историјата на македонскиот театар ќе влезе како глумец кој ги има одиграно најголемите и најзначајни улоги од светската драматургија.[2]

Покрај афинитетот кон домашната и светска драматургија, карактеристично за Темелковски е неговата силна индивидуалност и неприкосновеност во одбрана на македонскиот бит, македонскиот литературен збор, историја и сè што е врзано за Македонија. Токму неговата посветеност на темите врзани за татковината го втурнуваат во една од најтешките театарски форми, монодрамата, за да ги понуди своите ставови, преку темите што самиот ги избира.

Творештво

уреди

Поважни театарски улоги

уреди
  • Исидор Солунски во Еригон на Јордан Плевнеш, Драмски театар Скопје
  • Максим Бродски во Р, од Јордан Плевнеш, Драмски театар Скопје и како гостин во Националниот театар Иван Вазов Софија
  • Рабинот Јицак Коен во Вечната куќа, од Јордан Плевнеш, МНТ Скопје
  • Трајан Поп Стефанов во „Мацедонише цуштенде“, од Јордан Плевнеш, МНТ Скопје
  • Горчин во „Пелиново“ од Жарко Команин, МНТ Скопје
  • Макс Брод во „Стапица“, од Тадеуш Ружевич, Драмски театар Скопје
  • Херман Клаус во „Диво Месо“, од Горан Стефановски, Драмски театар Скопје
  • Најде Екимот во „Јане Задрогаз“, од Горан Стефановски, Драмски театар Скопје
  • Поцо во Чекајќи го Годо, од Семјуел Бекет, Драмски театар Скопје
  • Хам во „Крајот на играта“, од Семјуел Бекет, независен проект
  • Сер во „Гардеробер“, од Роналд Харвуд, Драмски театар Скопје
  • Беранже во „Носорог“, од Ежен Јонеско, МНТ Скопје
  • Андреа Сарти во „Животот на Галилеј“ од Бертолт Брехт, МНТ Скопје
  • Цар Едип во „Цар Едип“, од Софокле, Драмски театар Скопје
  • Кралот Агамемнон во „Ифигенија од Авлида“, од Софокле, Народен театар Ј.Х. Џинот Велес
  • Дон Жуан во „Дон Жуан“, од Молиер, Драмски театар Скопје
  • Аристарх во „Самоубиец“, од Николај Гогољ, Драмски театар Скопје
  • Антоан во „Виктор или деца на власта“, од Роже Витрак, Драмски театар Скопје
  • Михаил Назаров во „Децата на Сонцето“ од Максим Горки, МНТ Скопје
  • Тригорин во Галеб, од Антон Павлович Чехов, МНТ Скопје
  • Генерал Сољони во „Три сестри“, од А.П. Чехов, Драмски театар Скопје
  • Војводата од Бакингам во „Ричард III“, од Вилијам Шекспир, МНТ Скопје
  • Џејмс Тајрон во „Долго патување во ноќта“, од Јуџин О'Нил, Драмски театар Скопје
  • Мустакот во „Црна“, од Богомил Ѓузел и Љубиша Георгиевски, Народен театар Куманово
  • Крал Лир во „Плеј Шекспир“, од Љубиша Георгиевски, МНТ Скопје
  • Лудиот Макс во „Македонски рулет“', од Љубиша Георгиевски, Драмски театар, Скопје
  • Одисеј во „Филоктет“, од Љубиша Георгиевски, Драмски театар Скопје и како гостин во Драмскиот театар Солза и смеа, Софија
  • Локит во „Питачка опера“, од Вацлав Хавел, Драмски театар Скопје
  • Емануел во „Бисери и свињи“, од Братислав Димитров, Народен театар Куманово
  • Крсте Шепни Постела во „Време за пеење“, од Петре М. Андреевски, МНТ Скопје
  • Ѕвонарот Анески во „Големата вода“ од Живко Чинго, МНТ Скопје
  • Луков во „Црнила“, од Коле Чашуле, Драмски театар Скопје
  • Војводата Дамјан во „Суд“ од Коле Чашуле, МНТ Скопје
  • Ѕвездак во „Преспански круг“, од Миле Неделковски, Драмски театар Скопје
  • Сократ во „Последната ноќ на Сократ“, од Стефан Цанев, Театар Антон Панов Струмица
  • Васил Беломорски во „Магла“, од Иван Чаповски, Театар Антон Панов Струмица
  • Симон Дај во „Мајсторот“, од Ерскин Колдвел, Театар Антон Панов Струмица

Монодрами

уреди
  • „Проветрување на историјата“, од поезијата на Никола Вапцаров
  • „Така зборува Исидор Солунски“', од Јордан Плевнеш
  • „Подзатворена врата“, по романот во стихови Град од Љубчо Георгиевски
  • „Македонска голгота“, по романот на Видое Подгорец
  • „Поделбата на Македонија“, од Бошко Смаќоски и Петар Темелковски
  • „Пробудете се морни копачи“, од поезијата на Кочо Рацин
  • „Евангелие по Итар Пејо“, од поезијата на Славко Јаневски
  • „Камен остров“, од поезијата на Никола Кљусев
  • „Филип Втори“, според научните трудови на Улрих Вилкенс и Џорџ Елис
  • „Децата на Сонцето“, од Посланијата на Св. Апостол Павле до Македонците
  • „Јустинијан Први“, од Јордан Плевнеш
  • „Јане Сандански - Пиринскиот цар“, според архивски материјали

сите во адаптација, изведба и режија на Петар Темелковски

Филмографија

уреди
Година Филм Улога
1975 Илинка ТВ-филм
1976 Најдолгиот пат ТВ-филм Дуко
1980 Време, води ТВ-филм Гасо
1983 Премиера ТВ-филм
1983 Записник ТВ-филм
1984 Диво месо ТВ-филм
1985 На наш начин ТВ-серија Дренко
1987 Народни трибуни ТВ-серија
1992 Последната Македонска елегија ТВ-филм
1993 Македонска сага ТВ-филм Андреја
1998 Збогум на 20-тиот век ТВ-филм Братот
2000 Мултилевел ТВ-филм Сотир
2001 Вета ТВ-филм
2002 Вампирџија ТВ-филм Серафим
2002 Крајната игра ТВ-филм
2006 Тајната книга ТВ-филм Старецот

Награди

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Лужина, „Отаде (вежби по толкување)“, Силсон Скопје, 2008, стр. 151-152.
  2. Ѓорѓи Јолески, „Петар Темелковски е непресушен извор на идеи кој со неверојатна сериозност и приоѓа на секоја тема“, Македонска Нација Скопје, 28.07.2010.

Надворешни врски

уреди