Нино Леви
македонски глумец
Нино Леви (роден на 19 јануари 1960 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Нино Леви завршил Факултет за драмски уметности во Скопје[1]. Член на Драмата при Македонскиот народен театар станал во 1989 година, каде е член до неговото пензионирање во 2024 година.
Нино Леви | |
---|---|
![]() | |
Роден(а) | 19 јануари 1960 Скопје, НР Македонија, ФНРЈ |
Националност | Македонец |
Активен период | 1985 - сè уште |
Познат(а) по | по улогата во: Македонски народни приказни Тетовирање Во светот на бајките Вистинска љубов Преспав Среќна Нова 1903 Сенки |
Филмографија
уредиФилмографија на глумецот Нино Леви | |||
---|---|---|---|
Год. | Назив | Улога | |
1980-ти▲ | |||
1985 | Тетовирани души ТВ-филм | ||
1987 | Хај-фај ТВ-филм | ||
1989 | Мугра Краток филм | ||
1990-ти▲ | |||
1990 | Еурека ТВ-серија | Вториот агент | |
1991 | Тетовирање филм | ||
1993 | Светлосиво ТВ-филм | Трендафил | |
1994 | Пред дождот ТВ-филм | Поштар | |
1994 | Прекалени ТВ-серија | ||
1994-1995 | Бумбари ТВ-серија | Џуле | |
1995 | Во светот на бајките ТВ-серија | ||
1997 | Добредојдовте во Сарајево ТВ-филм | Живко | |
1997 | Преку езерото ТВ-филм | Даре | |
1999 | Наше маало ТВ-серија | ||
2000-ти▲ | |||
2000-2001 | Во светот на бајките ТВ-серија | ||
2001 | Прашина ТВ-филм | ||
2002 | Наше маало ТВ-серија | Ристо | |
2005 | Обични луѓе ТВ-серија | Цаци | |
2006 | Патување со Рабробил ТВ-филм | ||
2007 | Сенки ТВ-филм | Михо | |
2007-2010 | Народни приказни ТВ-серија | ||
2009-2010 | Македонски народни приказни ТВ-серија | ||
2010-ти▲ | |||
2010 | Мајки ТВ-филм | ||
2010 | Крајот на светот ТВ-филм | ||
2010 | Како да ме нема ТВ-филм | Првиот силувач | |
2012 | Македонски стари приказни ТВ-серија | ||
2012 | Бардо Краток филм | Продавач на свеќи | |
2013 | Соба со пијано ТВ-филм | Советник | |
2014 | Среќна Нова 1903 ТВ-филм | Наку Влавот | |
2014-2017 | Македонски приказни ТВ-серија | ||
2015-2017 | 5+ фамилија ТВ-серија | Полицаец | |
2016 | Вистинска љубов ТВ-филм | градоначалникот | |
2016 | Операција Дијамант ТВ-серија | Киро | |
2016 | Среќа во Вреќа ТВ-серија | Продавачот, Келнерот | |
2016-2020 | Преспав ТВ-серија | Полицаец, Гостин | |
2017-2019 | Фамилијата Марковски ТВ-филм | Миленко | |
2017 | Гледајќи настрана ТВ-филм | Татко | |
2018 | Ругање со Христос ТВ-филм | Работник | |
2019 | Дајте музика ТВ-серија | Полицаецот Ванчо | |
2020-ти ▲ | |||
2020 | 5+ фамилија ТВ-серија | Полицаец | |
2020-2023 | Македонски народни приказни ТВ-серија | ||
2021 | Кино „Љубов“ ТВ-филм | ||
2022 | Зад стоговите сено ТВ-филм | ||
2022 | Куќен притвор ТВ-серија | Цанде | |
2022-2023 | Бистра вода ТВ-серија | Мишо Павличин | |
2024 | Црвениот поет ТВ-серија | Учителот | |
2024 | Убиј ги прво децата ТВ-филм | Мите | |
2025 | Утре наутро ТВ-филм | Доктор | |
2025 | Утре Наутро ТВ-серија | Доктор |
Театарски претстави
уреди- Онуфрие - Денови на нашиот живот од Леонид Андреев, режисер: Васил Христов, МНТ 1989;
- Караман - Рекламна бајка од Русомир Богдановски, режисер: Коле Ангеловски, МНТ 1989;
- Синот - Посета на старата дама од Фридрих Диренмат, режисер: Бранко Ставрев, МНТ 1990;
- Мирче - Крик од Блаже Миневски, режисер: Владимир Милчин, МНТ 1991;
- Младен - Народен пратеник од Бранислав Нушиќ, режисер: Димитрие Османли, МНТ 1993;
- Инспектор - Бунт во домот за старци од Венко Андоновски, режисер: Бранко Ставрев, МНТ 1994;
- Гела - Буре барут од Дејан Дуковски, режисер: Сашо Миленковски, МНТ 1994;
- Спасе - Македонска крвава свадба од Војдан Чернодрински, режисер: Сашо Миленковски, МНТ 1995;
- Епиходов - Вишновата градина од Антон Павлович Чехов, режисер: Љубиша Георгиевски, МНТ 1997;
- Дионис - Жаби од Аристофан, режисер: Бранко Ставрев, МНТ 1998;
- Мате - Гроф Миливој од Ристо Крле, режисер: Димитрие Османли, МНТ 2001;
- Липутин - Демони од Фјодор Достоевски, режисер: Владимир Милчин, МНТ 2001;
- Христов - Црнила од Коле Чашуле, режисер: Виолета Џолева, МНТ 2001;
- Лудото момче - Ослободување на Скопје од Душан Јовановиќ, режисер: Срѓан Јанаќиевиќ, МНТ 2002;
- Д-р Стоилов - Белите коњи од Петре Бакевски, режисер: Виолета Џолева, МНТ 2003;
- Шенкс - Сцени од животот од Овен мак Каферти, режисер: Филип ле Моан, МНТ 2004;
- Луко - Оркестар Титаник од Христо Бојчев, режисер: Димитар Станковски, МНТ 2006;
- Таса - Сомнително лице од Бранислав Нушиќ, режисер: Синиша Евтимов, МНТ 2007:
- Васе - Госпоѓа министерка од Бранислав Нушиќ, режисер: Наташа Поплавска, МНТ 2009;
- Троил и Кресида од Вилијам Шекспир, режисер: Љубиша Ристиќ, МНТ 2009;
- Грофот - Свадбата на Фигаро од Пјер Бомарше, режисер: Леван Цуладзе, МНТ 2011;
- Лебре - Подемот и падот на кабарето од Артур Шницлер, режисер: Владимир Милчин, МНТ 2013;
- Вилијам - Вечната куќа од Јордан Плевнеш, режисер: Дејан Пројковски, МНТ 2013;
- Телегин Иља - Вујко Вања од Антон Павлович Чехов, режисер: Зоја Бузалковска, МНТ 2015;
- Бескудников - Мајсторот и Маргарита од Михаил Булгаков, режисер: Иван Поповски, МНТ 2015;
- Божин - Силјан штркот шанца од Дејан Дуковски, режисер: Срѓан Јанаќиевиќ, МНТ 2016;
- Најкратките драми на светот, режисер: Трајче Ѓоргиев, МНТ 2019;
- Чарли - Бесачи од Мартин Мегдона, режисер: Јавор Грдев, МНТ 2019;
- Аслаксен - Народен непријател од Хенрих Ибзен, режисер: Нина Николиќ, МНТ 2022;
- Мажот - За нас почнува живот од Ѓерѓ Шпиро, режисер: Дејан Пројковски, Драмски театар - Скопје 2022;
- 12, од Реџиналд Роуз, режисер: Синиша Евтимов, МНТ 2025;
Наводи
уреди- ↑ „Леви Нино“. Кинотека на Македонија.