Бранко Костовски
Бранко Костовски (роден на 24 јули 1924 година во Скопје - починал на 30 ноември 1994 година во Скопје) — македонски сликар и сценограф, особено значаен за осовременување на сценографскиот јазик.[1]Автор е на повеќе од 150 сценографии и е еден од најистакнатите македонски сценографи[2] .
Бранко Костовски | ||
Роден | 24 јули 1924 Скопје, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 30 ноември 1994 Скопје, Македонија | |
Националност | Македонец | |
Занимање | сликар сценограф |
Животопис
уредиБранко Костовски учествувал во НОБ. Извесен период студирал на Академијата за применета уметност во Белград (1949). Од 1952 г. работел на сценографијата во МНТ, а паралелно се занимавал и со сликарство. Најзабележителни се неговите сценографии за драма (Вител, 1968; Црнила, 1971; Отепвачка, 1976), опера (Аида, 1982) и балет (Охридска легенда, 1969). Настапувал и на филм, во низа радиодрамски и ТВ програми, емисии од областа на поезијата и др.
Настапил во филмовите: „Мис Стон”, „Солунски атентатори”, „Македонска крвава свадба”, „Истрел”, „Јад” .
Награди
уреди- Награда 11 Октомври за сценографско решение на претставите Живиот труп и Богунемили (1971);
- Награда на Сојузот на ликовните уметници за применета уметност на Третото меѓународно биенале за театарска сценографија и костимографија (Нови Сад,1972);
- Стериина награда и Златна значка на Фестивалот Стериино позорје за сценографија на претставата Ѕидот, водата (Нови Сад, 1974);
- Бронзена плакета на Петтото меѓународно триенале за театарска сценографија и костимографија (Нови Сад, 1978);
- Награда за најдобро сценографско решение на Македонскиот театарски фестивал Војдан Чернодрински за сценографија на претставата Бркотница (Прилеп, 1981);
- Награда на ДЛУПУМ за творечка активност и афирмација на театарската сценографија.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Костовски“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 745. Text "series " ignored (help)
- ↑ „Институт за театрологија - Личности“. http://www.mactheatre.edu.mk. Архивирано од изворникот на 2016-03-24. Посетено на 2020-08-16. Надворешна врска во
|publisher=
(help)