Слободан Унковски
Слободан Унковски (Скопје, 17 август 1948) — македонски театарски режисер, универзитетски професор и политичар.
Слободан Унковски | ||
![]() |
Режисерска кариера Уреди
Унковски бил режисер на голем број претстави во Македонија и во странство. На 24 септември 2014 година, неговата поставка на драмата „Три сестри“ од Чехов, а во реализација на Градскиот театар „Гавела“ од Загреб, била прикажана во Скопје, во склоп на фестивалот „Млад отворен театар“.[1]
Политичка кариера Уреди
Унковски бил министер за култура во Владата на Република Македонија.
Наводи Уреди
- ↑ „Три сестри на Унковски предизвика огромно внимание“, Утрински весник, број 4594, петок, 26 септември 2014, стр. 18.