Кирил Андоновски
Кирил Андоновски (Пехчево, 15 јули 1942) — македонски театарски и филмски глумец.
Кирил Андоновски | ||
![]() | ||
Роден | 15 јули 1942 Пехчево, ![]() | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Познат | по улогата во: Македонски народни приказни Мистериозниот предмет Јазол Тврдокорни Комшиски приказни Поштар Нави До-ре-ми Бистра вода | |
Занимање | глумец |
ЖивотописУреди
Андоновски е роден во Пехчево на 15 јули 1942 година. Основно образование завршил во Пехчево, гимназија во Прилеп и Струмица. Академија за театар, филм радио и телевизија завршил во Белград во класата на Мата Милошевиќ. Како Студент остварил студиски престој во Прага за латерна магика врз делото „Пергинт”. Во организација на МНТ кај професор од Франција завршил курс по Лебан техника.Во 1967 се вработил во кумановскиот театар, од 1969 до денот кога заминал во пензија во 2007 бил во Македонскиот народен театар, каде што сè уште е активен во репертоарот. Добитник е на наградата за животно дело од собранието на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински” во Прилеп во 2008 година[1].
ФилмографијаУреди
За време на својот 40 –годишен професионален стаж на сцените во театрите низ Македонија има одиграно над 2937 претстави во над 150 премиери, од кои на матичната сцена 97.
Година | Филм | Улога |
---|---|---|
1970 | Ветар во кутија кибрит ТВ-филм | |
1973 | Смилевскиот конгрес ТВ-филм | |
1975 | Волшебното самарче ТВ-серија | |
1980 | Време, води ТВ-филм | |
1981 | Милион Маченици ТВ-филм | |
1982 | Илинден ТВ-серија | |
1982 | Едно лето ТВ-серија | |
1983 | Премиера ТВ-филм | |
1984 | Камчевци ТВ-серија | |
1984 | Белото Циганче ТВ-серија | Рамо |
1985 | Јазол ТВ-филм | |
1987 | Случки од животот ТВ-серија | |
1988 | Чук Чук Стојанче ТВ-серија | |
1988-1989 | Тврдокорни ТВ-серија | |
1988-1989 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
1989-1993 | Еурека ТВ-серија | Директорот |
1990 | Трст виа Скопје ТВ-серија | |
1990 | До, ре, ми ТВ-серија | Претседателот |
1990-1995 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
1991 | Елелига Пепелига ТВ-филм | |
1991 | Поштар ТВ-филм | Професор |
1991 | Опстанок ТВ-серија | |
1994-1995 | Бумбари ТВ-серија | |
1995 | Ангели на отпад ТВ-филм | |
1995 | Во светот на бајките ТВ-серија | |
1995-2000 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
1999 | Во светот на бајките ТВ-серија | |
2000-2001 | Светот има осум страни ТВ-серија | |
2000 | Погрешно време ТВ-серија | Сокол |
2000-2003 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
2001 | Народен пратеник ТВ-филм | |
2002 | Звукот на светлината ТВ-филм | Кирил |
2002 | Светот има осум страни ТВ-серија | / |
2003 | Нежната прашина на заборавот ТВ-серија | |
2006 | Нави ТВ-филм | Татко Коста |
2006 | Мост ТВ-филм | Митре |
2006-2009 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
2007 | Мултиплеј ТВ-филм | Џон Карло Коутон |
2008 | Куќен совет ТВ-серија | |
2009 | Народни Приказни ТВ-серија | |
2010 | Царската е последна ТВ-филм | Советник |
2010-2015 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
2010 | Пилот ТВ-филм | Испекторот |
2012-2014 | Тврдокорни ТВ-серија | |
2014 | Приказни од животот ТВ-серија | Никола |
2015 | Цимери ТВ-серија | Дедото |
2016-2017 | Комшиски Приказни ТВ-серија | / |
2017 | Кавадаречки народни приказни ТВ-серија | Ѓаволот |
2020 | Зоки Поки ТВ-серија | Симе |
2021-2022 | Македонски народни приказни ТВ-серија | / |
2022 | Лена и Владимир ТВ-филм | |
2022-2023 | Бистра вода ТВ-серија | Стариот |
НаводиУреди
- ↑ „КИРИЛ АНДОНОВСКИ, АКТЕР, ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТО ДЕЛО НА „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ"“. Прилепски театар. Посетено на 2010-04-24.
Надворешни врскиУреди
- Кирил Андоновски Архивирано на 28 октомври 2010 г.- фото галерија
- Кирил Андоновски на IMDb