9 мај
датум
<< | мај | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | |||
5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | |
2024 |
9 мај — 129-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (130-и во престапна година). Остануваат 236 денови до крајот на годината.
Настани:
1926 | Американците Ричард Брет и Флојд Бенет први го прелетаа со авион Северниот Пол, што беше голем подвиг на младата недоволно сигурна авијација. |
1945 | Во Берлин, нацистичка Германија го ратификува актот за безусловна капитулација, потпишан во Ремс, Франција, на 7.05.1945 година. Победата на антихитлеровската коалиција се одбележува на 9 мај како Ден на победата над фашизмот. |
1947 | Во Скопје, во Македонскиот народен театар е прикажана првата оперска претстава на македонски јазик — „Кавалерија рустикана“ (или „Селска чест“ како што било запишано на првиот плакат) од италијанскиот композитор Пјетро Маскањи. |
1978 | Во Рим, во автомобил, е пронајдено телото на поранешниот италијански премиер Алдо Моро. |
Родени:
1825 | Џејмс Колинсон — англиски сликар. |
1874 | Хауард Картер — англиски египтолог. |
1910 | Љупчо Арсов — македонски револуционер. |
1924 | Булат Окуџава — советски поет, писател и музичар. |
1945 | Јуп Хејнкес — германски фудбалер и тренер. |
1946 | Кендис Берген — американска глумица и фото-модел. |
1949 | Били Џоел — американски поп-пејач. |
1963 | Сања Долежал — хрватска поп-пејачка, членка на групата „Нови фосили“. |
1965 | Сергеј Гаиков — руски кану-спринтер. |
1968 | Мари-Жозе Перек — француска атлетичарка. |
1977 | Марек Јанкуловски — чешки фудбалер. |
1987 | Кевин Гамеиро — француски фудбалер. |
1988 | Немања Бјелица — српски кошаркар. |
1994 | Давид Банаи — унгарски фудбалер. |
Починале:
1805 | Фридрих Шилер — еден од најпознатите германски поети и драмски писатели. |
1903 | Пол Гоген — француски сликар. |
1957 | Вилијам Брадфорд — англиски предводник на основачите на колонијата Плимут во Масачусетс. |
1977 | Хари Џонсон — канадски економист. |
2010 | Кирил Бујуклиев — македонски поет. |
1924 | Иван Ивањи — српски писател. |
Празници:
* | Ден на победата над фашизмот |
* | Ден на Европа. |