Љупчо Петрушевски

македонски театарски, филмски и телевизиски глумец

Љупчо Петрушевски (4 ноември 1945 во Скопје21 декември 2020 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.

Љупчо Петрушевски
Роден 9 ноември 1945
Скопје
Починал 21 декември 2020
Скопје
Националност Македонец
Познат по улогите во:
Трговецот од Солун
Вујковиот сон
Илинден
Наши години
Лет во место
Занимање глумец

ФилмографијаУреди

Година Филм Улога
1969. Малјва ТВ-филм Јаков
1970. Вујковиот сон ТВ-филм
1975. Прва вечер ТВ-филм Павле
1975. Волшебното самарче ТВ-серија
1976. Сослушување на железничарот ТВ-филм
1977. Нели ти реков ТВ-филм
1979. Наши години ТВ-серија Агентот Зујик
1981. Милион маченици ТВ-филм
1981. Слана во цутот на бадемите ТВ-филм
1982. Јужна патека ТВ-филм
1982. Илинден ТВ-серија
1983. Записник ТВ-филм
1984. Лет во место ТВ-филм Остоик
1984. Другарувања ТВ-серија
1984. Нели ти реков ТВ-филм
1984. Јуначко колено ТВ-серија
1985. Од зад грб ТВ-филм
1985. На наш начин ТВ-серија
1985. Трговецот од Солун ТВ-филм Керим ага
1985. Сомнително лице ТВ-филм Викја
1986. Климент Охридски ТВ-филм Цар Симеон
1987. Ѕвездите од 42-та ТВ-филм
1987. Народни трибуни ТВ-серија
1988. Скопски сновиденија ТВ-филм
1990. Трст виа Скопје ТВ-серија
1995. Ангели на отпад ТВ-филм
2000. Погрешно време ТВ-серија Љубе
2002. Наше маало ТВ-серија
2002. Глужд во времето ТВ-филм
2006. Стрмоглави ТВ-филм
2007. Сенки ТВ-филм Доктор
2012. Трето полувреме ТВ-филм Трговец

ЖивотописУреди

Љупчо Петрушевски, доајен на македонскиот театар и филм. Дипломира на отсекот за глумечка игра на Факултет за драмски уметности - Скопје, како дел од првата генерација дипломирани глумци. Целиот работен век од 1966 година до пензионирањето го поминува во Македонски народен театар во Скопје. Во период од 1983 до 1988 година ја извршува функцијата директор на Драмата на Македонски народен театар, а потоа од 1988 до 1999 година е директор на Македонски народен театар. Повторно е директор на Драмата во период од 2004 до 2006 година.