Арна Шијак

македонска глумица

Арна Шијак (Скопје}, 30 април 1976) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.

Арна Шијак
Родена Арна Шијак
30 април 1976(1976-04-30)(48 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонка
Народност Србинка
Занимање глумица
Татко Томо Шијак

Животопис

уреди

Арна Шијак е родена на 30 април 1976 година во Скопје како ќерка на ликовниот уметник Томо Шијак. Дипломирала на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот Глумечка игра во 1999 година. Вработена е во Македонскиот народен театар од 2010 година.[1]

Театрографија

уреди
  • Луси — „Опера за три гроша“ од Бертолт Брехт, р. Владо Цветановски, Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, 1996;
  • Еуфорион — „Фауст“ од Јохан Волвганг вон Гете и Хајнер Милер, р. Ѓорѓи Јолевски, Драмски театар - Скопје, 1997;
  • Ања — „Вишновата градина“ од Антон Павлович Чехов, р. Љубиша Георгиевски, МНТ, 1997;
  • Европа — „Среќата е нова идеја во Европа“ од Јордан Плевнеш, р. Владо Цветановски, Драмски театар - Скопје, 1997;
  • Лулу — „Шопинг енд факинг“ од Марк Рејвенхил, р. Срѓан Јаниќијевиќ, МНТ, 1998;
  • Ќерката — „Песочна сложувалка“ од Јана Добрева, р. Зоја Бузалковска, МНТ, 1999;
  • Вендела Бергман — „Будење на пролетта 2000“ од Франк Ведекинг, р. Златко Славенски, МНТ, 2000;
  • Елена — „Дипломец“ од Чарлс Веб, р. Синиша Евтимов, МНТ, 2004;
  • д-р Бренон, Келнерката — „Темпирана опера“ според „Опера за три гроша“ и „Пеколен портокал“, р. Васил Христов, МНТ, 2010;
  • Марија — „Така било пишано“ од Сашко Насев, р. Синиша Евтимов, МНТ, 2010;
  • Марија Тимофеевна Лебедјаткина — „Бесови“ од Фјодор Михајлович Достоевски, р. Златко Славенски, МНТ, 2011;
  • „Копнеж по целина“ од Матеја Матевски, р. Ристо Алексовски, МНТ, 2011;
  • Глас — „Психоза 4.48“ од Сара Кејн, р. Ѓорѓи Јолевски, МНТ и Театар „Квартет“, 2011;
  • Лисицата — „Декамерон“ од Џовани Бокачо, р. Боњо Лунгов, МНТ и Театар за деца и младинци - Скопје, 2012;
  • „Животот е сон“ од Педро де ла Барка Калдерон, р. Владо Цветановски, МНТ, 2012;
  • Албин, витез Де Ла Тремуј — „Подемот и падот на кабарето“ од Артур Шницлер, р. Владимир Милчин, МНТ, 2013;
  • Хинг Гиу Миу — „Вечната куќа“ од Јордан Плевнеш, р. Дејан Пројковски, МНТ, 2013;
  • Шарлота Корде — „Аферата Елсинор“ од Љубиша Георгиевски, р. Љубиша Георгиевски, МНТ, 2014;
  • Самовилата Берилин, Сосетката Берленго — „Сината птица“ од Морис Метерлинк, р. Златко Славенски, МНТ, 2014;
  • Телохранител на Клитемнестра, Негувателка на Електра и Орест (Електра, 2014), автори: Есхил, Софокле, Еврипид и Жан-Пол Сартр, режисер: Андриј Жолдак, продукција: Македонски народен театар;
  • Велма Кели — „Чикаго“ од Фред Еб и Боб Фос, р. Наташа Поплавска, МНТ, 2015;
  • Клеопатра Максимовна (Животот е перкрасен, 2015), автор: Николај Ердман, режисер: Александар Морфов, продукција: Македонски народен театар;
  • „Викај ги среќа“, р. Златко Славенски, 2016;
  • Мајката — „Соларис“ од Станислав Лем, р. Андриј Жолдак, МНТ, 2016;
  • Глумицата — „Говорна мана“ од Горан Марковиќ, р. Драгана Милошевска-Попова, МНТ, 2017;
  • Тања — „МАММА МИА!“ од Кетрин Џонсон по приказната на Џуди Крејмер, р. Наташа Поплавска, МНТ и Проспот (Словенија), 2017;
  • Глумицата — „Без галама“ од Мајкл Фрејн, р. Тони Михајловски, МНТ и Брачна игра, 2018.

Филмографија

уреди
  • Ремза — „Џипси меџик“, р. Столе Попов, 1997;
  • Цветанка — „Ноќ спроти Св. Василиј“, р. Иван Митевски, 2001;
  • „Како лош сон“, р. Антонио Митриќески, 2003;
  • „Самитот на шаманите“, р. Александар Станкоски, 2006;
  • Девојката со сребрена коса — „Тајната книга“, р. Владо Цветановски, 2006;
  • Нада — „Состојба на шок“, р. Андреј Коша, 2010;
  • Гласот на Милица - "Снежана на крајот умира", р. Кристија Ристески, 2022.
Телевизиски серии
  • Болната чеченска жена — „12 мајмуни“, 2015.
Проекти
  • Глас во анимираниот сатиричен филм „Еднооки“;
  • Вокалист во Дарк-кабаре бендот „Еуропиа циркус“.

Награди

уреди
  • Награда „Трајко Чоревски“ за најдобар млад глумец на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп, 1997 година, за улогата на ликот Европа во претставата „Среќата е нова идеја во Европа“.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди