Борис Чоревски
Борис Чоревски (роден во Скопје, 15 септември 1949)[1] – македонски филмски и театарски глумец, член на Битолскиот народен театар од 1975 година.[2]
Борис Чоревски | ||
![]() | ||
Роден | 15 септември 1949 Скопје, ![]() | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Познат | по улогите во: Најдолгиот пат Црвениот коњ Прашина Мајки Трето па машко Големи и мали Среќна нова '49 Ослободување на Скопје Битолски лакрдии | |
Занимање | глумец | |
Татко | Трајко Чоревски | |
Мајка | Ратка Чоревска | |
Роднини | Благоја Чоревски (брат) |
ЖивотописУреди
Борис Чоревски е роден во Скопје на 15 септември 1949 година. Основно и средно образование завршил во Битола, а дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје на отсекот за глумечка игра. На сцената на Народниот театар од Битола настапувал од раната младост, статирајќи и играјќи епизодни улоги. Како младинец ја освоил наградата за најдобра машка улога за ликот на Хенри во претставата „Незакопани мртовци“ од Жан Пол Сартр на Сојузниот натпревар на аматерите од поранешна СФР Југославија во Хвар. По дипломирањето во 1975 година се вработил во Народниот театар во Битола каде остварил преку 100 улоги. Како гостин настапувал во театрите во Прилеп, Штип, Струмица и во Скопје Македонски народен театар и Драмски театар.
ТворештвоУреди
Во својот глумечки живот остварил повеќе од 100 театарски улоги, како и редица филмски улоги.
Поважни театарски улоги[2]Уреди
Година | Улога | Претстава | Автор |
1976 | Вук | Јелена Ќетковиќ | Александар Поповиќ |
1978 | Ѓока | Сомнително лице | Бранислав Нушиќ |
1978 | Никола Карев | Окрвавен камен | Васил Иљоски |
1978 | Даскалот | Суд | Коле Чашуле |
1983 | Малвоилио | Ноќ спроти Водици | Вилијам Шекспир |
1984 | Киро | Лет во место | Горан Стефановски |
1986 | Версилов | Младич | Достоевски |
1986 | Осман-бег | Македонска крвава свадба | Војдан Чернодрински |
1996 | Одам на лов | Љубиша Георгиевски | |
1997 | Ајгеј | Медеја | Еврипид |
1997 | Дон Жуан | Дон Жуан се враќа дома | Еден фон Хорват |
1998 | Владимир | Чекајќи го Годо | Семјуел Бекет |
1998 | Таткото | Мачка на вжештениот покрив | Тенеси Вилијамс |
2000 | Јордан | Печалбари | Антон Панов |
2000 | Прохор Железнов | Васа Железнова | Максим Горки |
2001 | Трајко попот | Црквичето 40 маченици | Владимир Костов |
2003 | Капулети | Ромео и Јулија | Вилијам Шекспир |
2011 | Барон Минхаузен | Минхаузен | Григориј Горин |
2011 | Пијаницата | Обична приказна | Марина Ладо |
2015 | Боженствена комедија | ||
2015 | Тајното оружје | ||
2016 | Тоде | Јане Задрогаз | Горан Стефановски |
2019 | Детето | Детето сонува | Ханох Левин |
ФилмографијаУреди
Година | Филм | Улога |
1971 | Македонскиот дел од пеколот ТВ-филм | |
1972 | Тапакерата ТВ-филм | Сулејман бег |
1973 | Смилевскиот конгрес ТВ-филм | / |
1975 | Јад ТВ-филм | / |
1975 | Прва вечер ТВ-филм | Климе |
1976 | Најдолгиот пат ТВ-филм | Сеиз |
1977 | Пресуда ТВ-филм | |
1979 | Жена од малтер ТВ-филм | / |
1980 | Оловна бригада ТВ-филм | |
1980 | Учителот ТВ-филм | / |
1981 | Црвениот коњ ТВ-филм | / |
1982 | Илинден ТВ-серија | Миле |
1982 | Јавачи на ветрот ТВ-филм | / |
1983 | Ликвидатор ТВ-филм | |
1983 | Црвениот коњ ТВ-филм | / |
1984 | Хихирику - 5 години Радио емисија | |
1985 | Трговецот од Солун ТВ-филм | Сулејман-бег |
1986 | Среќна нова '49 ТВ-филм | |
1986 | Солунски патрдии ТВ-серија | Трговецот |
1987 | Ѕвездите на 42-та ТВ-филм | / |
1987 | Девојките на Марко ТВ-серија | / |
1988 | Втора смена ТВ-серија | Милиционерот |
1988 | Некоја чудна земја ТВ-филм | |
1990 | До-Ре-Ми ТВ-серија | |
1991 | Поштар ТВ-филм | |
1992 | Тврдокорни ТВ-серија | |
1992 | Чудовиштата во нашиот град ТВ-серија | |
1994 | Пред дождот ТВ-филм | |
1994 | Прекалени ТВ-серија | Григор Прличев - возрасен |
1995 | Ангели на отпад ТВ-филм | Мино Маткалиев |
1999 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
1999 | Хихирику Радио емисија | |
1999-2001 | Во светот на бајките ТВ-серија | |
2000 | Погрешно време ТВ-серија | |
2000 | Големи и мали ТВ-серија | Милан |
2001 | Македонска емиграција ТВ-филм | / |
2001 | Прашина ТВ-филм | / |
2002 | Наше маало ТВ-серија | Петар |
2003 | Битолски лакрдии ТВ-серија | / |
2007 | Сенки ТВ-филм | Стамат |
2007-2009 | Збогум Румелија ТВ-серија | Џамбо |
2008-2009 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
2010 | Мајки ТВ-филм | Батерија |
2011 | Трето па машко ТВ-серија | Тихомир Цветко |
2012 | Трето полувреме ТВ-филм | |
2012 | Минатото лето на Балканот ТВ-серија | Командирот |
2013 | Тврдокорни ТВ-серија | / |
2014 | До балчак ТВ-филм | |
2015-2016 | Големото прогонство во Кавкасија | |
2016 | Ослободување на Скопје ТВ-филм | Златарот |
2017-2019 | Сенки над Балканот ТВ-серија | |
2018 | Година на мајмунот ТВ-филм | Комшија 1 |
2019 | Врба ТВ-филм | |
2022 | Лена и Владимир ТВ-филм | |
2022 | Кајмак ТВ-филм | |
2022-2023 | Бистра вода ТВ-серија |
Награди и признанијаУреди
- „4 Ноември“ на градот Битола[2]
- најдобро глумечко остварување на МТФ „Војдан Чернодрински“ (двапати)[2]
- Екран (двапати)[2]
- 2011 - награда „Петре Прличко“
- Награда "11 Октомври"
- 2011 - Награда "Ристо Шишков"
- 2021 - награда за животно дело на 55. Македонски театарски Фестивал „Војдан Чернодрински“[3]
НаводиУреди
- ↑ Борис Чоревски на мрежното место на ИМДб
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Значајни личности за Битола, 2007
- ↑ „БОРИС ЧОРЕВСКИ, РУБЕН И ЏИДРОВ ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДИТЕ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО НА ТЕАТАРСКИОТ ФЕСТИВАЛ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ"“. 23 септември 2021. Посетено на 4 декември 2021.
Надворешни врскиУреди
- Борис Чоревски на Семрежната филмска база на податоци (англиски)